Македонија
Маричиќ: Законските измени ги носиме низ демократски и инклузивен процес

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес учествуваше на јавната расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите по предлог=законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на која ја истакна важноста од усогласувањето на домашната правна рамка со Истанбулската конвенција и вистинската примена на овој значаен меѓународен документ за борбата со насилството врз жените.
„ Процесот на изготвување на законските измени за кои денес јавно дебатираме, беше максимално инклузивен и во него беа вклучени судии и јавни обвинители кои во пракса го применуваат овој закон, како и правни експерти и граѓанските организации. Земени предвид беа и препораките на релевантните тела на Обединетите нации, а пред сè Комитетот за елиминација на дискриминација спрема жената, но и бројни компаративни искуства и извештаи од надлежниот комитет во рамките на Советот на Европа за следење на спроведувањето на Истанбулската конвенција- ГРЕВИО за евалуација на одредени држави“ рече Маричиќ.
Според министерот за правда, со ратификувањето на Конвенција земјава демонстрираше вистинска и искрена политичка волја да се справи со насилството врз жените. Тоа се прави почитувајќи го најефективниот европски договор со кој може да се превенира насилството врз жените. Дополнително, овие измени и дополнувања кои сега ги носат, а се однесуваат на усогласување на Казнениот законик со Истанбулската конвенција, се испраќа порака дека Владата работи на исполнување на конкретните и задолжителни обврски за заштита на жените од насилство, преку воведување и примена на холистички пристап во имплементирање на истите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).