Црна хроника
142 казни за брзо возење низ државата

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција спровела акциска контрола на целата територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што информираат од МВР, при тоа санкционирани биле 142 возачи.
Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место.
Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, 25-годишната М.П. од Гевгелија пријавила дека на нејзината влезна врата тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од затвор, заедно со Л.Г.
Од пријавата произлегува дека двајцата се заканувале, а младата девојка слушнала и репетирање на огнено оружје.
Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот и извршиле преглед. Во ормарот за чевли бил пронајден пиштол без рамка. При извршеното алкотестирање кај поранешниот партнер биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле приведени, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.