Македонија
Десет починати и 298 новозаразени со Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа: Направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Велес , Кочани и Радовиш – по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3, Делчево и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 335 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 25, Кавадарци – 22, Прилеп – 15, Кочани – 12, Куманово и Охрид – по 10, Ресен и Радовиш – по 9, Велес – 8, Штип – 7, Тетово, Крива Паланка и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово – 4, Кичево -3, Гостивар, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Струмица , Гевгелија, Виница, Пробиштип, Крушево , Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Прилеп (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г) и Охрид (55г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 09.12-12.12.2021 година. Починатите лица се од Битола (2), Кочани (1) и Велес (1). Починатите лица се на возраст од 77г до 85г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.
Направени се 2.831 тестови преку: ИЈЗ-306, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–9, ЦЈЗ Куманово-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–162, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Авицена-131, Биотек-131, Систина-63, лабораторија Лаор-92, Синлаб-35, Ремедика-14, Плодност–40, Генеа-8, Никоб лаб-205, ВФВ Медикал-47, Ели Медика-39, Ројал Медика–22, Спектра-ММ-7, Рапид лаб–7, Жан Митрев Струмица–10, Нова лаб дијагностика–1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.142.
Досега во земјата се направени вкупно 1.512.496 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 96601, Активни 2625
Куманово 13036, Активни 156
Тетово 11388, Активни 87
Прилеп 10543, Активни 363
Битола 9023, Активни 435
Гостивар 8081, Активни 19
Велес 7421, Активни 167
Кавадарци 7250, Активни 265
Штип 6679, Активни 104
Охрид 6638, Активни 215
Струмица 6209, Активни 128
Кичево 4279, Активни 75
Кочани 4074, Активни 84
Струга 3916, Активни 27
Гевгелија 2856, Активни 85
Неготино 2606, Активни 53
Свети Николе 2141, Активни 45
Крива Паланка 1931, Активни 55
Ресен 1787, Активни 52
Радовиш 1784, Активни 58
Берово 1472, Активни 33
Дебар 1456, Активни 0
Делчево 1444, Активни 75
Виница 1168, Активни 14
Пробиштип 1132, Активни 21
Валандово 989, Активни 53
Кратово 784, Активни 19
Богданци 661, Активни 30
Демир Хисар 626, Активни 32
Крушево 598, Активни 22
Македонски Брод 515, Активни 17
Македонска Каменица 426, Активни 25
Демир Капија 426, Активни 1
Пехчево 355, Активни 5
Дојран 172, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени осум возачи за возење без возачка, со забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и под дејство на алкохол.
Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.
Македонија
Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби
Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“, за учебната 2025/2026 година.
Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование. Предност имаат кандидати со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како и долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица над 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост.
„Ангажманот на личниот асистент подразбира директна поддршка на ученикот во текот на наставниот ден. Поддршката вклучува помош при следење на наставата, движење низ училиштето, комуникација со соучениците и наставниците и други активности во согласност со индивидуалните потреби на ученикот“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Избраните кандидати ќе бидат ангажирани како лични асистенти во основните училишта на територија на општината, со скратено работно време од 20 часа неделно, во период од четири месеци, почнувајќи од март 2026 година до крајот на актуелната учебна година.
За ангажманот е предвиден паричен надоместок во висина од 15.000 денари (нето) месечно.
Пријавувањето се врши во Архивата, барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.
Јавниот повик трае пет работни дена од денот на неговото објавување и е достапен на општинската веб-страницата и на огласните табли во основните училишта на територија на општината.
Македонија
Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење
Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители.
Петтиот кандидат, судијата Владимир Панчевски, уште пред почетокот на разгледувањето на кандидатурите беше исклучен од постапката за избор поради неисполнување на условите, односно има прекини во извршувањето на функцијата судија, која не ја врши ниту сега.
Постапката за избор на нов државен јавен обвинител започна со огласот што го распиша Собрание на Република Северна Македонија на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат најмалку 10 години непрекинат стаж како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.
Согласно Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите се доставуваат до Владата, која бара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот има рок од 15 дена да достави образложени мислења. Доколку не даде позитивно мислење за ниеден кандидат, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. За избор на нов државен јавен обвинител се потребни најмалку 61 глас од пратениците.

