Свет
СЗО издаде привремени препораки за мешање на вакцините

Светската здравствена организација (СЗО) издаде привремени препораки за употреба на вакцини против Ковид-19 од различни производители за втората доза и за засилувачот.
Во зависност од достапноста, вакцините со mRNA, како што се оние развиени од „Фајзер“ и „Модерна“, може да се користат како дополнителни дози по почетната доза на векторската вакцина „астразенека“ и обратно, соопшти глобалниот здравствен орган.
„Астразенека“ и која било од mRNA вакцините може да се користат и по почетната доза на инактивирана вакцина „синофарм“, соопшти СЗО.
Насоките беа усвоени врз основа на советите на Стратешката советодавна група на СЗО за експерти за вакцини претходно овој месец.
Препораката доаѓа откако една голема студија минатата недела покажа дека првата доза на „астразенека“ или „фајзер/бионтек“ и втората доза на „модерна“ девет недели подоцна создаваат подобар имунолошки одговор.
Сепак, СЗО рече дека мешањето треба да ги земе предвид достапноста и придобивките и ризиците од користењето на вакцината против Ковид-19.
Препораките ќе бидат разгледани кога ќе станат достапни повеќе податоци, соопшти глобалната здравствена агенција.
Многу земји веќе почнаа да мешаат вакцини бидејќи се соочија со зголемен број случаи на Ковид-19, ниски залихи и бавна имунизација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Скандал во Индија: Талибански министер не ги повикал новинарките на прес-конференција

Талибанскиот министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, предизвика бурни реакции во Индија откако на својата прва прес-конференција во Делхи не ги повикал жените новинарки.
Настанот, на кој присуствувале околу 16 новинари, но ниту една жена, предизвика остри реакции од индиските медиумски организации и опозициски политичари. Тие го оценија инцидентот како „отворена родова дискриминација“.
Под притисок на јавноста, Мутаки следниот ден одржа нова, „инклузивна“ прес-конференција, каде изјави дека исклучувањето на жените било „техничка грешка“.
„Настанот беше организиран во краток рок и поканите беа испратени на ограничен список новинари, без никаква друга намера“, рече тој.
Мутаки моментално престојува во Индија на разговори со претставници од Русија и индиската влада, со цел јакнење на дипломатските врски.
Иако се обиде да ги оправда ограничувањата на жените во Авганистан, индиските новинари остро го прашаа зошто девојчињата таму веќе четири години немаат пристап до образование.
Свет
Лавров ги демантира гласините за труење на Башар ал-Асад

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги отфрли наводите дека Москва наводно се обидела да го отруе поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој доби политички азил во Русија.
Како што објави руското издание Info24, Лавров на средба со претставници на арапските медиуми изјавил дека поранешниот сириски лидер и неговото семејство се наоѓаат во Москва „исклучиво од хуманитарни причини“.
„Тие беа изложени на закани со физичко насилство, па руските власти им овозможија азил. Асад нема никакви здравствени проблеми во нашата престолнина. Труење не се случило, а сите што ги шират тие гласини – нека останат со својата совест,“ изјавил Лавров.
Башар ал-Асад беше претседател на Сирија од 2000 година, а земјата ја напушти откако минатиот декември сириските бунтовнички сили влегоа во главниот град Дамаск.
Свет
(Видео) Стотина палестински затвореници ослободени од израелските затвори

Палестинските затвореници беа пречекани со ентузијазам во Рамала, на окупираниот Западен Брег, денес по нивното ослободување од израелските затвори.
Некои покажуваа знаци на победа со рацете, а повеќето со насмевки на лицата излегоа од автобусот што ги однесе од израелски затвор до културниот центар во градот каде што е седиштето на Палестинската самоуправа.
NOW: Buses carrying Palestinian prisoners arrive in Ramallah, West Bank. pic.twitter.com/sDmXS3kVJI
— Clash Report (@clashreport) October 13, 2025
„Тоа е неописливо чувство, преродба“, изјави за АФП Махди Рамадан, неодамна ослободен затвореник, опкружен со своите родители.
За многумина, тоа беше нивно ослободување по години, дури и децении. Околу стотина од нив пристигнаа во Рамала, некои изгледаа гладни и со видливи повреди, пренесуваат медиумите.
Автобуси што превезуваа палестински затвореници, исто така, пристигнаа во Газа. Маскирани лица, очигледно членови на Хамас, дојдоа во болницата Насер, каде што беше поставена сцена и столчиња за да ги пречекаат, според написите.
Меѓу ослободените Палестинци се 250 лица приведени од „безбедносни причини“, вклучувајќи многумина осудени за смртоносни антиизраелски напади, како и 1.700 Палестинци уапсени од израелската војска во Појасот Газа од октомври 2023 година.
Израел се согласи да ги ослободи во замена за ослободување на заложниците во Појасот Газа, дел од првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Хамас ги ослободи преостанатите 20 израелски заложници од нивното двегодишно заложништво во Газа порано денес. Според израелските медиуми, сите ослободени заложници се во „добра состојба“.
Телата на 28-те починати заложници треба да бидат предадени, процес што Израел не очекува да биде завршен денес. Формирана е посебна комисија за лоцирање на нивните останки во урнатините на Газа.
Фото: принтскрин