Македонија
Нови 190 случаи на коронавирус, починаа 14 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.592 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 101, Прилеп – 12, Битола – 10, Велес и Струмица – по 8, Кавадарци, Куманово и Охрид – по 7, Ресен – 6, Штип – 4, Гевгелија, Демир Хисар и Неготино – по 3, Богданци, Делчево, Кичево и Пробиштип – по 2, Дебар, Кочани и Крива Паланка – 1.
Регистрирани сe 193 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Кавадарци – 20, Битола – 18, Прилеп – 14, Куманово – 12, Охрид – 10, Велес – 7, Делчево – 5, Штип, Гевгелија и Кратово – по 4, Струга, Неготино, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Кичево, Ресен, Берово, Виница, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (46г, 58г и 89г), по 2 починати лица од Прилеп (73г и 80г) и Охрид (59г и 88г), по едно починато лице од Берово (53г), Струмица (65г), Битола (80г), Кавадарци (80г), Куманово (83г), Ресен (88г) и Кичево (91г). Од пријавените, 13 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Направени се 2.592 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–107, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-165, Биотек-135, Систина-46, лабораторија Лаор-199, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност–50, Генеа-2, Никоб лаб-321, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-40, Ројал Медика–34, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–22, Нова Лаб Дијагностика–1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 859.
Досега во земјата се направени вкупно 1.521.642 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.285, бројот на оздравени пациенти е 207.948, на починати е 7.815, а бројот на активни случаи изнесува 5.522.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 97008, Активни 2652
Куманово 13058, Активни 149
Тетово 11393, Активни 84
Прилеп 10600, Активни 376
Битола 9060, Активни 420
Гостивар 8082, Активни 19
Велес 7441, Активни 170
Кавадарци 7296, Активни 251
Штип 6698, Активни 112
Охрид 6668, Активни 223
Струмица 6226, Активни 142
Кичево 4290, Активни 80
Кочани 4078, Активни 68
Струга 3917, Активни 24
Гевгелија 2879, Активни 96
Неготино 2616, Активни 51
Свети Николе 2149, Активни 50
Крива Паланка 1940, Активни 63
Ресен 1810, Активни 65
Радовиш 1789, Активни 55
Берово 1473, Активни 31
Дебар 1457, Активни 1
Делчево 1456, Активни 76
Виница 1172, Активни 17
Пробиштип 1137, Активни 24
Валандово 1003, Активни 66
Кратово 789, Активни 17
Богданци 669, Активни 35
Демир Хисар 632, Активни 31
Крушево 601, Активни 24
Македонски Брод 518, Активни 17
Македонска Каменица 427, Активни 25
Демир Капија 426, Активни 0
Пехчево 355, Активни 5
Дојран 172, Активни 3
Со почит,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јанчев од Левица по сообраќајната несреќа: Веднаш пружив помош, но бев мета на политичка хајка
Пратеникот и лидер на Левица, Саше Јанчев, денеска се огласи по повод сообраќајната несреќа во која бил учесник, истакнувајќи дека во настанот се погодени најмалку три семејства и бројни блиски лица, поради што досега, како што вели, свесно молчел. Јанчев нагласува дека не сака да навлегува во детали од несреќата, но чувствувал потреба јавно да се произнесе поради, како што тврди, политичката злоупотреба на случајот.
Тој изрази жалење за сè што се случило таа вечер и посочи дека веднаш по несреќата пружил помош и повикал итни служби. Притоа, Јанчев укажа дека брзата помош, според неговите наводи, пристигнала по цели 50 минути.
Во изјавата потенцира дека бил единствениот легален учесник во сообраќајот во конкретната несреќа и отфрли тврдења дека управувал возило под дејство на алкохол или дрога, како и дека возел со непрописна брзина, оценувајќи ги ваквите информации како целосно неточни.
Јанчев реагира и на објавите во дел од медиумите дека управувал „бесен џип“, наведувајќи дека неговото возило е старо 20 години и дека станува збор за намерно креиран наратив. Според него, уште истиот ден по несреќата, владејачките партии започнале, како што рече, координирани политички напади против него.
Тој обвини дека бил јавно осуден преку партиски прес-конференции и медиумски настапи, без, како што посочи, да се постави прашањето за одговорноста на министерот за внатрешни работи и министерот за здравство. Јанчев наведе и дека од страна на власта му биле упатени закани поврзани со работата на Анкетната комисија за Кочани.
Во однос на прашањето за пратеничкиот имунитет, Јанчев истакна дека никогаш не се повикал на него и дека имунитетот, како што нагласи, не ја исклучува кривичната одговорност.
„Сето ова се прави без чувство дека во приказната не сум само јас, туку и луѓе кои се настрадани и длабоко потресени“, наведе Јанчев, повторувајќи дека искрено жали за сè што се случило и дека не знае зошто морало да дојде до таков трагичен настан.
Македонија
ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен
Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови. Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден, информираат од ТАВ Македонија.
Бидејќи временските услови се менуваат постојано, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат
-Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен. Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.
Сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/, а патниците може да се информираат за статусот на нивните летови и на пултот за информации кој работи 24/7 со персонал кој е присутен на аеродромот и на телефонскиот број 02 3148 333.
Македонија
Сонце само над Водно – градот втор најзагаден во Европа
Скопје денеска осамна покриено со густа магла, која целосно го проголта градот и го сокри сонцето од погледот на скопјани. Додека во низините видливоста беше значително намалена, единственото место каде што сонцето се пробиваше низ облаците беше Водно, поточно околу Милениумскиот крст.
Од височините на Водно можеше јасно да се забележи контрастот меѓу сончевото небо и густата магла што се задржа над градот, создавајќи слика на Скопје „заробено“ под сив покрив.
Покрај неповолните временски услови, денес Скопје е рангирано како втор најзагаден град во Европа, што дополнително ја влошува состојбата со квалитетот на воздухот и претставува сериозен ризик за здравјето на граѓаните.
Граѓаните повторно апелираат за итни мерки и долгорочни решенија за справување со аерозагадувањето, кое со години останува еден од најголемите проблеми во главниот град.

