Македонија
127 новозаразени и вкупно 10 починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19, и тоа: во Скопје – 90, Охрид – 9, Битола и Штип по 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Прилеп, Ресен и Виница по 2 и по еден заразен во Куманово, Кичево и Струга.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 од Скопје (74 и 85 години) и по едно од Кавадарци (78), Кичево (84), Неготино (71) и Штип (63). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 4 смртни случаи во периодот од 22 ноември до 18 декември. Починатите лица се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1) на возраст од 48 до 75 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани се и 261 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 132, Прилеп – 28, Битола – 17, Струмица – 10, Куманово – 9, Кочани – 8, Крива Паланка и Валандово по 7, Штип и Пробиштип по 5, Тетово и Делчево по 4, Кавадарци, Кичево, Велес, Радовиш и Кратово по 3, Ресен, Гевгелија, Богданци и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен во Неготино и Македонска Каменица.
Направените 1.766 теста се преку: ИЈЗ – 86, ЦЈЗ Скопје – 26, ЦЈЗ Куманово – 5, Институт за микробиологија – 153, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 81, „Авицена“ – 62, „Биотек“ – 82, „Систина“ – 62, „Никоб лаб“ – 258, „ВФВ медикал“ – 47, „Ели медика“ – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 874.
Досега во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 97.097, Активни 2.607
Куманово 13.059, Активни 141
Тетово 11.393, Активни 78
Прилеп 10.602, Активни 350
Битола 9.065, Активни 408
Гостивар 8.082, Активни 18
Велес 7.441, Активни 167
Кавадарци 7.298, Активни 249
Штип 6.705, Активни 113
Охрид 6.677, Активни 232
Струмица 6.228, Активни 134
Кичево 4.291, Активни 77
Кочани 4.078, Активни 60
Струга 3.917, Активни 23
Гевгелија 2.879, Активни 94
Неготино 2.616, Активни 49
Свети Николе 2.149, Активни 50
Крива Паланка 1.941, Активни 57
Ресен 1.812, Активни 65
Радовиш 1.790, Активни 53
Берово 1.473, Активни 31
Дебар 1.457, Активен 1
Делчево 1.456, Активни 72
Виница 1.174, Активни 19
Пробиштип 1.137, Активни 19
Валандово 1.003, Активни 59
Кратово 789, Активни 14
Богданци 671, Активни 35
Демир Хисар 632, Активни 31
Крушево 601, Активни 24
Македонски Брод 518, Активни 15
Македонска Каменица 427, Активни 24
Демир Капија 426, Активни 0
Пехчево 355, Активни 5
Дојран 172, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.
Македонија
Пендаровски по повод Светскиот ден на слобода на медиумите: Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето
Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите.
„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.
Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.
Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање. На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите“, порача претседателот Пендаровски.