Спорт
СМС направил хаос, предвреме ја напуштил божикната вечера

Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) ќе го напушти Лацио во зимскиот преоден рок. Тренерот Маврицио Сари го исфрли српскиот репрезентативец од тимот, тој нема да игра против Венеција.
„Ил Месаѓеро“ ги открива причините за ваквата одлука на претседателот Клаудио Лотито. СМС се однесувал арогантно и непрофесионално.
Минатата недела пред натпреварот со Џенова, СМС ја напуштил предвреме традиционалната божикна вечера. Тој се појавил во ресторанот, кратко се задржал и си заминал. Притоа ги убедил и другите Балканци да заминат со него.
Тоа се случило во моментот кога претседателот Лотито влегувал во ресторанот. Наводно Лотито бил шокиран кога забележал дека најголемите ѕвезди не се тука.
Клубот најпрвин го казнил СМС со 50.000 евра, а Сари, по мечот со Џенова, го исфрлил од тимот бидејќи не го „сменил арогантното однесување“. Потоа Сари на состанок со Лотито побарал спрскиот репрезентативец да биде продаден.
„Можев да го продадам за 140.000.000 евра, не го направив тоа бидејќи имав договор со Симоне Инзаги. Парите не ме интересираат, барам само почит и посветеност“, рекол Лотито.
„Ил Месаѓеро“ тврди дека Лацио сега би го продал СМС за 80.000.000 евра. Наводно интерес за него веднаш покажале Реал Мадрид, Интер и Манчетсер јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.