Спорт
Нема подобар голман во Примера од Столе Димитриевски

Рајо Ваљекано е најпријатното изненадување во првиот дел од сезоната во Примера. Еден од клучните играчи во тимот е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Рајо во досегашниот дел од сезоната прима еден гол по натпревар.
Според оценките на специјализираниот портал за фудбалска статистика „Whoscored“, Димитриевски е најдобро оценет голман во првиот дел од првенството. Зад Димитриеввски останаа голманските велични Тибо Куртоа, Јан Облак, Јасиф Боно, Марк-Андре тер Штеген.
Македонскиот репрезентативец има просечна оценка 6,9.
Во формација 4-4-2, покрај Димитриевски се уште и Мафео (Мајорка), Едер Милитао (Реал), Гарсија (Осасуна), Алекс Морено (Бетис) – Карлос Солер (Валенсија), Касемиро (Реал), Крос (Реал), Винисиус Жуниор (Реал) – Фекир (Бетис), Бензема (Реал).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.
Спорт
Бојан Димоски се сели во ТСЦ

Левиот бек Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во ТСЦ. Клубот од Бачка Топола ќе издвои 100.000 евра за неговиот трансфер од Акрон, дознава „Моцарт Спорт“.
Во ТСЦ процениле дека им е потребно засилуваеа на левата страна, бидејќи Немања Петровиќ сè уште не се вратил на теренот поради сериозна повреда од минатата сезона.
Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон како позајмен играч.
Пред тоа, ги бранеше боите на Брера од Струмица и на Вардар. Одигра 20 натпревари за репрезентацијата на Македонија.
Спорт
Кристал Палас го заврши трансферот на Јереми Пино

Шпанскиот репрезентативец Јереми Пино е новото засилување на Кристал Палас, во кој ќе ја наследи улогата на доскорошниот лидер на „орлите“ Еберечи Езе.
Езе, минатата недела се пресели во Арсенал, а освојувачот на ФА Купот од трансферот заработи 79.000.000 евра. Менаџерот Оливер Гласнер експресно најде замена за Езе. Кристал Палас ќе му плати на Виљареал 30.000.000 евра за Пино.
Момчето од Канарските Острови одигра 170 натпревари за „жолтата подморница“, со напаѓачки настап од 22 гола и 23 асистенции. Тој ја освои Лигата на Европа во 2021 година, но и Лигата на нации во 2023 година со Шпанија, за која играше 15 пати.
На почетокот на сезоната, клубот од главниот град на Англија го изненади Ливерпул и го освои Комјунити Шилд, додека во Премиер лигата освои два бода во првите два натпревари.