Спорт
Интер и Милан ќе градат нов стадион – Целиот проект тежи 1.200.000.000 евра
„Газета дело Спорт“, во денешното издание, објави фотографии од проектот наречен новиот „Сан Сиро“. Според овој извор, преговорите на Интер и Милан со американските изведувачи влегле во завршна фаза. Комплетната документација околу изградбата на новиот стадион би требала да биде потпишана до крајот на годината.
Градските власти на Милано го одобрија проектот. Клубовите добија дозвола да градат во близина на култниот стадион „Сан Сиро“.
Изградбата на стадионот би започнала по завршувањето на Зимските олимписки игри во 2026 година. Доколку градежните работи се одвиваат според планираното стадионот ќе биде подготвен за сезоната 2027/2028.
Дотогаш Милан и Интер ќе играат на стариот стадион, кој ќе се користи и за потребите на Зимските олимписки игри.
Откако ќе биде пуштен во употреба новиот стадион, култниот „Сан Сиро“ ќе биде урнат.
Новиот стадион ќе има капацитет од 65.000 седишта, за споредба „Сан Сиро“ има 80.000 места за седење. Стадионот ќе биде инспириран од симболите на Милано – катедралата Дуомо и галеријата Виторио Емануеле II. Ќер има стаклена фасада која ќе ги менува боите, за висно од тоа кој од клубовите ќе биде домаќин.
Велиот проект, со сите предвидени содржини, ќе чини 1.200.000.000.
? #Gazzetta: The project of the new stadium that has been chosen is "Populous" whose design is inspired by the Duomo and the Galleria Vittorio Emanuele II. The games will start in 2027. The 80K spectators of San Siro will be reduced to about 60K/65K.pic.twitter.com/t9WXfgHNNV
— Milan Posts (@MilanPosts) December 21, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Семењо за минимален триумф на Сити во Лидс
Манчестер Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал, откако го победи Лидс со 1:0 на гостински терен во 28-то коло од Премиер лигата. Сити ја забележа шестата последовна победа во Премиер лигата и шеста последовна во меѓусебните дуели.
Лидс беше поконкретен на почетокот и пропушти две одлични шанси преку Доминик Калверт-Луин и Бренден Аронсон, кој излезе сам пред Донарума но не успеа да го совлада.
Сити, до здив дојде по 30-та минута, а во последните 10 минути од првиот дел, „граѓаните“ извршија силен притисок врз противникот.
Инцијативата м донесе резултат буквално во последните секунди од првото полувреме. Антоан Семењо го искористи центаршутот на Рајан Аит-Нури и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во вториот дел, домаќинот повторно се закани, но реализацијата изостана, додека Сити можеше да го реши натпреварот преку Омар Мармуш и Марк Гуехи, но Карл Дарлоу го спаси својот тим од поубедлив пораз.
Победата го приближи Сити на два бода од Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата, додека Лидс останува шест бода над зоната за испаѓање и бара континуитет за да обезбеди опстанок.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Кимих и Кејн ја срушија Борусија среде Дортмунд
Фудбалерите на Баерн Минхен ја победија Борусија во Дортмунд со 3:2 во „Дер Класикер“, кој се играше во рамките на 24-то коло од Бундеслигата. Баерн на врвот на табелата сега има 11 поени повеќе од „милионерите“.
Натпреварот започна добро за Борусија. Нико Шлотербак донесе водство по одличниот слободен удар на Даниел Свенсон во 26-та минута. Максимилијан Баер и Јан Куто исто така имаа шанси, во првиот дел. Баерн во првото полувреме, речиси да не направи ништо пред голот на Кобел.
Баварците израмнија преку Хари Кејн, кој ладнокрвно ја смести топката во мрежата по додавањето на Гнабри. Дортмунд потоа имаше шанса повторно да поведе, но пенал по фаулот на Шлотербак врз Станишиќ му овозможи на Кејн да го постигне својот 30-ти гол во сезоната и да го сруши својот личен рекорд од минатата сезона.
Домаќините веднаш одговорија со одличен волеј од Свенсон, но Кимих го имаше последниот збор, неговиот прецизен удар со левата нога му донесе победа на Баерн и ја прекина серијата од 16 натпревари без пораз на Дортмунд во Бундеслигата.
Со овој натпревар, продолжи неславната серија на тренерот Нико Ковач. Тој загуби девет и одигра два пати нерешено во пресметките со Баварците.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Јамал постигна три гола, Барселона го победи Виљареал
Ламин Jамал го постигна првиот хет-трик во кариерата. крилниот напаѓач ја предводеше Барселона до убедливата победа над Виљареал (4:1), во 26-то коло.
Младиот ас на Барселона денес влезе во историјата на Барселона, на 18 години, седум месеци и 15 дена постигна хет-трик. Меси со кого го споредуваат Јамал, имаше полни 19 години кога прв пат во кариерата постигна три гола на еден натпревад.
Јамал го отвори резултатот во 28-та минута,а девет минути подцна постигна убав гол со кој го зголеми водството на својот тим.
На стартото на вториот дел, Виљареал преку Пап Геј се врати во мечот, а дека ќе доживее пораз беше јасно кога во 73-та минута Ајосе Перез промаши празен гол. Хет-трикот го комплетираше во 69-та минута.
Во 91-та минута Левандовски го постави конечниот резултат.
Foto/ depositphotos

