Македонија
Димитров: Евентуално решение со Бугарија да биде потврдено во Собранието
Валидација од Парламентот за евентуално решение со Бугарија побара вицепремиерот Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции (НСЕИ), на денешната седница на којашто беа дискутирани заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) усвоени минатиот вторник (14 декември).
Димитров подвлече дека за надминување на состојбата потребно е обединување и заедничко делување за заштита на највисоките национални интереси:
„Оваа тема во државава ги надминува интересите на една или на друга влада, на една или на друга опозиција, а со оглед на тоа што во коалицискиот договор на новата бугарска Влада има проминентно место и на Собранието, каде што секое евентуално решение ќе оди на дебата и на валидација во Парламентот во Софија. А исто така, имајќи ја предвид и резолуцијата донесена во нашето Собрание, каде што се утврдуваат црвените линии во ова прашање од највисок национален интерес, мислам дека има логика и ќе се зголеми легимитетот ако и ние, чекор по чекор градиме политичка атмосфера, во насока дека какво било решение што мора да биде европско и мора да биде достоинствено, ќе дојде на дебата, на валидација и во македонскиот парламент“, нагласи вицепремиерот.
На седницата присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, при што членовите на НСЕИ се согласија дека ова собраниско тело треба да има клучна улога во процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

