Македонија
Од денеска во функција реновираните простории на Клиниката за ортопедија
Од денеска во функција на пациентите се реновираните простории на УК за ортопедија, со што се заокружи планот за целосна обнова на зградата на хируршките клиники, во која 70-ина години не беше сменето ништо. Клиниката за ортопедија, сега по многу години, ги добива најсовремените услови и стандарди, истакна во изјава за медиумите министерот за здравство, Венко Филипче.
„Се работи за целосно реновирање на простор од 1.300 квадратни метри, и тоа во делот на болничките соби, собите за интервенција, единицата за интензивна нега и терапија, собата за анестезија, детскиот оддел и сите други помошни простории. Огромен број експерти работат тука, огромно искуство е акумулирано тука на Клиниката – тоа се наши колеги познати во светот по своите интервенции, по своите публикации и тоа е уште еден аргумент, уште една работа со која се гордееме. Со ова реновирање се заокружува еден процес, што значи осовременување на овие капацитети за лекување, реновирани операциони сали, што значи целокупниот процес на лекување, хируршка интервенција, постоперативно закрепнување и делот за интензивна нега се одвива во посебни и нови простории“, изјави министерот Филипче на денешниот настан по повод пуштањето во употреба на реновираните простории на Клиниката за ортопедија.
Филипче нагласи дека Клиниката за ортопедски болести, како и многу други клиники, се реновирале во време на пандемија, кога беше исклучително тешко да се работи. Тој додаде дека медицинскиот тим се соочил со предизвикот да згрижува и лекува ковид-болни, а во исто време да се работи и на оперативната и на амбулантската програма на клиниките. Во истиот овој период течеа и градежните работи за реновирање, посочи тој.
„Успеавме за неполна година темелно да го измениме ликот на Клиниката и се гореам со сето ова. Ова е најголема инвестиција на Клиниката за ортопедија во изминатите неколку децении и е реализирана во време на пандемија на коронавирусот. Универзитетската клиника за ортопедски болести располага со 70 болнички кревети, сместени во 20 болнички соби, каде што се лекуваат пациенти од детска, па сѐ до адултна возраст. Во склоп на Клиниката е и единицата за интензивна нега и терапија, која во склоп на оваа реконструкција е опремена со нови монитори за следење на виталните параметри на пациентите. Реновирани и опремени се и собите за интервенција на секој оддел, како и сите други помошни простории“, истакна д-р Александар Трајановски, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

