Македонија
Мијалков излегува од затвор со гаранција од 11 милиони евра
Со 11 милиони евра ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, излегува од притвор, односно од затворот во Шуто Оризари. Апелација му ја уважи жалбата и прифати тој да гарантира дека нема да избега со недвижен имот. Нему сега му се одредени само мерки на претпазливост. Мијалков излегува од затвор по десет месеци поминати во ќелија.
„Со одлука од апелација уважена е жалбата, прифатена е гаранцијата од 11 милиони, сѐ е во недвижен имот. Има мерки на претпазливост, пријавување во судот во одредени денови и привремено одземање на патната исправа“, велат од апелација.
Мијалков гарантирал со имот кој е регистриран и на други физички и правни лица. Притворот ќе му се укине кога ќе се запише хипотека на тој имот. Гаранцијата ја прифатил кривичиот совет на апелација, односно судиите Тања Милева, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов.
Обид да излезе од притвор Мијалков имаше и во јуни. Тогаш и Вишото јавно обвинителство даде согласност со гаранција од 10,8 милиони евра екдиректорот на УБК да излезе од притвор. Тогаш апелација ја одби гаранцијата и одлучи дека постои опасност тој да се даде во бегство.
Ексдиректорот Мијалков беше спроведен во затворот во Шуто Оризари на крајот на февруари кога му беше изречена казна затвор од 12 години за масовното прислушување, односно судскиот процес „Таргет – Тврдина“. Притворот му беше продолжен сѐ до пресудата за судскиот процес „Трезор“ за набавката на опремата за нелегално прислушување, каде што обвинителите одново побараа притвор за Мијалков сѐ до правосилност на пресудата. За случајот „Трезор“, Мијалков доби казна затвор од 8 години, која сѐ уште не е правосилна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

