Спорт
Мициќ ја стопираше Звезда во луд финиш во Истанбул

Шампионот од Евролигата, Анадолу Ефес стигна до драматична 84:83 победа над Црвена звезда, откако српскиот клуб пропушти голема шанса за победа – на 10 секунди пред крајот Никола Калиниќ утна шанса да примора барем продолжение, пред Василије Мициќ сигурно со две слободи фрлања на 0.9 секунди пред крајот да обезбеди победа.
Тимот на Ергин Атаман имаше подобар старт на мечот, но до крајот на првото полувреме, Звезда се врати со 9:0 серија за да прејдат во водство, кое го заддржија на полувреме (46:43). Второто полувреме почна уште подобро за гостите за да направат +9 предност, но Мициќ во последната четвртина беше на висината на задачата и го доближи својот тим на -1 поен, за на крајот да има драматична завршница.
Nikola Kalinic misses both free-throws with 10.4 seconds on the clock.
Vasilije Micic goes coast-to-coast, drives to the basket, gets to the foul line, and wins the game for Efes.
Wild ending ? pic.twitter.com/4qjFreLnPq
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) December 22, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Турција ја загази Летонија

Турција, во дербито на денот на 42. Европско првенство во кошарка, ја декласира домашната селекција Летонија со 93:73 (24.21, 23:18, 25:16, 21:18).
Тирците буквално го затрупаа летонскиот кош, шутира фантастични 60 проценти за три поени, Турците погодија а 15 од 25 обиди од зад линијата 6,75.
Летонсците некако се држеа до третиот период, кога се разиграа Шејн Ларкин И Џеди Осман. На почетокот на последниот период резултатот беше 72:55, а во последниот пеирод Турците имаа предост и од 24 поени.
На крајот, најефикасни во Турција беа Осман со 20, Сипахи со 19, Шенгун со 16 и Ларкин со 15 поени. Летонците исто така имаа четворица со двоцифрен број на поени, но со многу послаб настап, Ломас постигна 16, Жагарс 11, а Порзингис и Шмитс постигнаа по десет поени.
Foto/ EPA
Спорт
Убедлив триумф на Литванија во првиот меч на ЕП

Европското првенство во кошарка, 42. по ред, започна со убедливата победа на Литванија против селекцијата на Велика Британија 94:70.
Балтичката селекција против Велика Британија ја оправда својата улога како фаворит во првото коло. Велика Британија даде се од себе, ослабена од отсуството на Гејб Оласени поради повреда на грбот.
Литванците лошо шутираа на овој меч, погодија само две тројки од 19 обиди, но одбраната и офанзивниот скок им обебзедија убедлива победа. Две третини од поените Литванците постигнаа од рекетот.
Британците добро се држеа три четвртини, се враќаа на едноцифрен минус, но потоана во последноте седум минути кога Литванците направија предност од 20 пеони.
Очекувано доминираше во рекетот Јона Валачиунас со 18 поени и девет скока, поен помалку со седум скока имаше Тубелис, а Јокубаитис и Нормантас забележаа по 12 поени.
на спротивната страна се истакна Јебоа со 17 поени, а двоцифрени, со по 10 поени беа Филип и Хенсон.
Foto/ EPA/KIMMO BRANDT
Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.