Забава
Загуби улоги поради обвинувања за силување, а сега и договор од 12 милиони долари

Планот на „Ентертејнмент артс рисрч инк.“ да го откупи брендот текила „Ембар“ (Ambhar) во сопственост на ѕвездата на „Сексот и градот“, Крис Нот, не успеа по појавувањето на наводите за сексуален напад.
Иако тој ги негира сите обвинувања, се чини дека договорот од 12 милиони долари ќе падне во вода.
Преговорите, кои почнаа во август минатата година, требаше да бидат финализирани минатата недела, но Бернард Рубин, извршен директор на Entertainment Arts Research Inc., изјави за „Фокс бизнис“: „Во овој момент и со оглед на тежината на обвинувањата нема смисла да се продолжи со овие преговори“.
Официјалната веб-страница на „Ембар“ беше угасена во неделата, а портпаролите на компанијата не го коментираа случајот. Нот ја презеде мнозинската сопственост во компанијата во 2018 година и беше клучен за брендот да добие национална дистрибуција.
За потсетување, „Пелетон“ ја повлече рекламата со Нот, а се огради и Рајан Рејнолдс, чија медиумска компанија „Максимум ефорт“ учествуваше во креирањето на рекламата. Покрај тоа, Агенцијата за уметници А3 ја прекина соработката со актерот.
Во меѓувреме, тој доби отказ и од драмската серија „Еквилајзер“, чија нова сезона треба да почне во јануари.
Досега две жени го обвинија Нот за сексуални напади, кои наводно се случиле во 2004 и 2015 година, на што актерот одговори: „Обвинувањата доаѓаат од жени што ги запознав пред години, дури и неколку децении, и сите тие се категорично невистинити. Без разлика дали се тоа приказни пред 30 години или 30 дена, ‘не’ секогаш значи ‘не’ и тоа е границата што никогаш не сум ја преминал. Средбите беа консензуални. Тешко е да не се доведе во прашање тајмингот на овие наводи. Не можам да кажам со сигурност зошто се појавуваат токму сега, но едно е сигурно – јас не ги нападнав тие жени“.
Актерката Зои Листер-Џонс рече дека Нот се однесувал несоодветно за време на снимањето на серијата „Закон и ред“ и дека често бил пијан на снимањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тие го доживуваат отфрлањето како предавство: нема да ви биде лесно со два хороскопски знаци

Некои луѓе го доживуваат отфрлањето како минлива непријатност, додека други го доживуваат длабоко и лично.
Во астрологијата постојат знаци на кои им е тешко да прифатат дека не се посакувани, признати или сакани. Нивната реакција на отфрлање може да биде насилна, тивка, повредена, па дури и одмаздољубива – но едно е сигурно, тие не го преболуваат тоа лесно.
Според астрологијата, овие два хороскопски знаци најтешко се справуваат со отфрлање.
Шкорпија
За Шкорпиите, отфрлањето не значи само крај на нешто – тоа се чувствува како лично предавство. Под нивната самоуверена надворешност, често постои длабока потреба за емоционална сигурност. Кога се одбиени, Шкорпиите може да се повлечат, но нивната болка се задржува долго време. Тие имаат силна интуиција, па затоа ќе анализираат секој детаљ од ситуацијата, обидувајќи се да ги откријат вистинските причини – дури и кога другата личност повеќе не ги дава.
Она што ја отежнува ситуацијата е нивната склоност да бидат емоционално интензивни. Ако се чувствуваат омаловажени или игнорирани, можат да станат ладни и одмаздољубиви, иако ретко го покажуваат тоа веднаш. Контролата им е многу важна, а отфрлањето е форма на губење на таа контрола. Наместо да се соочат со болката, тие претпочитаат да градат ѕидови – и памтат.
Лав
Лавовите имаат силна потреба за потврда и прифаќање, па затоа отфрлањето директно влијае на нивната самодоверба. Иако може да изгледаат непоколебливо однадвор, тешко им е да ја заборават својата внатрешна болка.
Ако некој им стави до знаење дека не се доволни или дека не се посакувани, Лавовите го сфаќаат тоа како удар врз нивната самодоверба. Потоа може да се повлечат од сцената – но со гордост.
Освен тоа тие тешко го поднесуваат и губењето на вниманието. Лавовите сакаат да бидат сакани и ценети, а кога тоа не е случај, можат да се однесуваат како да не им е гајле – иако длабоко во себе им е гајле. Тие обично ја бараат својата самодоверба назад преку успех, другарство или ново внимание, но отфрлањето што некогаш ги повредило останува во сенката на нивното его долго време.
Забава
(Фото) Кога ќе дојде летото – таа не излегува од бикини

Германската манекенка обожава да привлекува внимание на различни начини, а секој пат фокусот е на нејзината зачудувачка фигура.
Кога познатата манекенка Хајди Клум не привлекува внимание на социјалните мрежи, други го прават тоа за неа. Овој пат, таа имаше фотосесија за еден бренд и повторно ја покажа својата совршена фигура.
Иако сè уште ни е во глава една од нејзините последни објави во бикини каде што полева цвеќиња, Хајди се заканува дека ќе ги помести границите со овие фотографии, барем кога станува збор за неа.
Кој вели дека бикини не може да се носи низ град? Познатата манекенка искомбинираше син костим за капење со тесни фармерки со висок струк и тексас јакна.
За многу кратко време, нејзините фотографии ги преплавија социјалните мрежи и порталите, а луѓето со воодушевување коментираа за нејзиниот изглед, со оглед на тоа дека Хајди изгледа подобро од кога било.
Забава
(Фото) Три летни модни комбинации на Ана Ивановиќ

Ана Ивановиќ е модна инспирација со години, дури и за време на нејзините тениски денови, нејзината вродена елеганција и убавина отсекогаш биле тема на многубројни глобални медиуми.
Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ отсекогаш важела за една од најубавите спортистки. Откога реши да се пензионира и да го остави рекетот настрана, многу повеќе се посвети на модата и убавината, што го покажуваат нејзините објави на „Инстаграм“.
Убавата Србинка неодамна е во центарот на вниманието поради наводниот развод, но сепак сè уште не коментирала на темата, па затоа сè е уште на ниво на претпоставки.
Со оглед на тоа што веќе неколку месеци е поактивна од вообичаено, таа потсети многумина дека не треба многу за совршен стил, доволни се едноставноста и умереноста.
Ана отсекогаш покажувала природна убавина, а нејзините објави се секогаш без никаков филтер.
Подолу ви ги донесуваме нејзините три идеи за одличен летен изглед.
Цветни мотиви
View this post on Instagram
Провокативно, но одмерено
View this post on Instagram
Цвеќиња, но и прорези на фустанот
View this post on Instagram