Забава
Принцот Хари и Меган објавија божикна честитика, прва заедничка фотографија со Лилибет

Војводата и војвотката од Сасекс ја објавија традиционалната семејна божикна честитка со фотографија што го обиколи светот, а на која е и нивната ќерка Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор.
Ова е прва фотографија од малата Лили, а покрај неа е и нејзиниот постар брат Арчи.
Пораката на честитката гласи: „Среќни празници. Оваа година, 2021, ѝ посакавме добредојде на нашата ќерка Лилибет на свет. Арчи нè направи мама и тато, а Лили нè направи семејство“.
Картичката исто така ги истакна добротворните организации блиски до срцето на Сасекси. Пораката продолжи: „Додека со нетрпение ја очекуваме 2022 година, направивме донации во ваше име за неколку организации што ги почитуваат и штитат семејствата – од оние што се преселени од Авганистан до американските семејства на кои им треба платено родителско отсуство“. Понатаму, наведени се неколку добротворни организации, како и Маршаловиот план за мајки.
Двојката ја заврши својата порака со: „Ви посакуваме среќна празнична сезона и просперитетна Нова година, од нашето семејство до вашите семејства! Како и секогаш, Хари, Меган, Арчи и Лили“.
Прекрасната семејна фотографија ја направи нивниот свадбен фотограф Алекси Лубомирски ова лето во домот на парот во Санта Барбара, Калифорнија.
Оваа година е првиот Божик за Сасекси како четиричлено семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.