Македонија
Во Центар поставена првата еконовогодишна елка
ЈП ПОЦ и Општина Центар ја поставија првата еколошка новогодишна елка направена од пластични шишиња рециклирани од страна на жителите, кои повеќе од една година учествуваат во правилното справување со отпадот преку рециклирање пластични шишиња и лименки.
Новогодишната елка, висока 5 метри, е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња и ќе биде лоцирана во Дебар Маало кај кружниот тек во близина на Општината. Светлата на елката официјално ќе бидат вклучени во 16.30 часот.
Поставувањето на оваа елка е впечатлив начин да се истакне како пластиката може да се рециклира и да се искористи повторно.
Општина Центар преку проектот „И отпадот има вредност!“ е прва општина во регионот што одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот што завршува на депониите.
За една година, во рамките на проектот рециклирани се повеќе од 300.000 ПET-пластични шишиња и лименки, издадени се над 3.000 грин пеи-картички, исплатени се над 300.000 денари субвенции од Општина Центар за сите граѓани што се вклучиле во процесот на рециклирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

