Македонија
Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени и вработува нови преку агенции за привремени вработувања

„Власта на Заев го доведе енергетскиот сектор до колапс. Сега својата неспособност ја покриваат не со удар врз одговорните, туку врз вработените. Со потпис на Васко Ковачевски, директорот на ЕЛЕМ, донесен е заклучок со кој се задолжуваат директорите на подружниците да достават список на работни места со број на извршители што би биле испратени на принуден одмор и делумен прекин на работниот однос со кратење на платите во износ од 30 % за период од три месеци. Овој заклучок го потпишува на 3 декември“, изјави Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додава дека ваквата одлука доаѓа во исто време кога истиот Ковачевски, на истиот ден, 3 декември, потпишува нов заклучок со кој бара да се ангажираат лица преку агенција за привремени вработувања, кои би почнале со работа од 1 јануари 2022 година.
„Ова значи само едно – дека власта преку Ковачевски има намера да ги казни партиски неподобните во ЕЛЕМ, а во исто време да вработува нови привремено вработени. ЕЛЕМ само пред неколку месеци вработуваше и сега уште вработува преку агенции за привремени вработувања, а во исто време безмалку отпушта вработени. Јасно е дека таквите списоци за казнување вработени ќе бидат пополнети со лица што немаат партиска книшка на СДСМ“, изјави Ангелевска
ВМРО-ДПМНЕ повикува оваа постапка веднаш да се прекине бидејќи во спротивно по промената на власта, ваквата политичка хајка што ја прави Ковачевски ќе биде ревидирана и за тоа тој ќе сноси одговорност.
„ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање на вработените во ЕЛЕМ, кои се или ќе бидат жртва на политички и партиски притисок од страна на раководството предводено од Ковачевски, и тоа со секаква бесплатна правна помош“, додаде Ангелевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
„Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот“.
Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез во и од Република Северна Македонија (за сите видови возила и лица) соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Спасовски: Власта повторно не покажа ниту одговорност, ниту волја за помош за жртвите во Кочани, не гласаа за амандманот на СДСМ

Владата не само што не покажа слух и не го прифати амандманот на СДСМ, истовремено не понуди ниту образложение зошто нема потреба да се прифаќа амандман за помош на семејствата на настраданите во Кочани, потенцираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција откако на амандманската расправа за ребаланс на Буџетот, пратенците од власта не гласаа за амандманот на СДСМ и коалицијата. Амандамот предвидуваше 934 милиони и 340 илјади денари директна помош на семејствата настраданите и на повредените во Кочани, во најголемата трагедија којашто ја зафати Македонија.
Спасовски посочи дека во Буџетот има пари и дека Владата требаше да покаже добра волја и да го прифати амандманот. Тој дури и понуди како пратеничка група ако се прифати овој амандман, тогаш сите останати амандмани коишто ги предложи СДСМ да ги повлечат и да нема расправа, бидејќи како што кажа, СДСМ смета дека нема поважна тема од оваа во моментот во Македонија.
„Достоинствено до крај разговаравме и ги повикувавме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како мнозинство, заедно со пратениците од ЗНАМ и од ВЛЕН да овозможат и заеднички консензуално да го усвоиме амандманот и да покажеме дека знаеме да го цениме приоритетот на граѓаните, да покажеме единство, да покажеме солидарност, нешто што е потребно овие мигови за државата, но напротив претставникот на владата делеше лекции како парламентот не смеел да разговара или да отвора вакви теми“, рече Спасоски.
За амандманот на СДСМ не гласаа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Навистина не ми е јасно како е можно народните претставници овде како пратеници во законодавниот дом, за работа за којашто се најповикани, а тоа е да покажат дека институциите, секогаш и во најтешките моменти, се тука за било кој граѓанин, а посебно за една ваква трагедија, која што ја зафати државата во претходниот период и од тоа сметам дека мораше сите ние да покажеме малку поголемо чувство на одговорност“, нагласи Спасовски.
При тоа, Спасовски упати апел до Владата и до владеачките партии при креирањето на новиот Буџет за 2026 година, да предвидат финансиски средства коишто би биле доволни за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во Кочани.
„Нема поважна тема од оваа во моментот во Македонија, нема поважно нешто од 62 млади изгубени животи и од 250 повредени, нема поважно од иднината на еден град, од иднината на истокот на Македонија и ако сакате и од иднината на Македонија“, порача пратеникот Спасовски.