Црна хроника
Тешко повреден 45-годишен моторџија во Велес
Во сообраќајна несреќа која се случила синоќа тешко е повреден 45-годишен моторџија.
Според информациите од МВР, синоќа околу 11.30 часот во Велес на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Андон Шурков“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачиа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Д.(65) од Велес, и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.С.(45) од Велес.
Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и укажана му е лекарска помош во Општа болница Велес.
Увид на лице место извршила екипа на СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП
Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, С.Б.(60) од Скопје пријавила дека околу 10.20 часот на автобуска постојка на Транспортен центар-Скопје била физички нападната од едно лице – возач на автобус на ЈСП.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Импровизиран кревет и забоден кујнски нож нашла Кацарска пред гаражата – заканите се пријвени во МВР
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пријавила во МВР дека добила закани за својот живот.
Од полицијата информираа дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.
„Од страна на Д. К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, пред нејзиното гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож, кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.
За случајот известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината 82-годишна жена од Аргентина
82-годишна жена била пронајдена почината во Охрид, соопшти полицијата.
Имено, на 14.5.2024, во 7.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во соба во хотел во Охрид, каде што престојувала, била пронајдена почината Р. В. Б. (82) од Аргентина.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Надлежните извршиле увид.