Црна хроника
Млада велешанка пронајдена почината во Неготино

Триесет и едногодишна велешанка ноќеска била затекната почината од Итната помош Неготино.
Според информациите од МВР, од Итната помош пријавиле дека за време на нивна интервенција на улицата „Дојранска“ во Неготино, Л.Д. била затекната почината.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција на Институт за судска медицина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Девојка пронајдена почината во казино во Центар

Дваесет и четиригодишна девојка е пронајдена почината во казино во Центар, Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината 24-годишната Г.Ј. од Охрид, вработена во казиното.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Црна хроника
Украдени бисти со ликови на починати лица од гробиштата во Бутел

Крадци украле бисти со ликови на починати лица од гробиштата во Бутел.
Според информациите на МВР, В.С.(73) и Љ.Г.(66), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 01.02.2025 до 09.06.2025 од две различни гробни места на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени две бисти со лик на починати лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдено оружје и муниција во Гостивар, приведено едно лице

Синоќа во 23.45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ф.(70) од Гостивар.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „ЦЗ“ со рамка со куршуми калибар 9мм.
Лицето било задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документиртање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.