Црна хроника
Сопружниците кои загинаа во Калиманци се расправале, на телото на жената најдени траги на насилство

Жената и мажот од Македонска Каменица кои загинаа во вештачкото езеро кај браната Калиманци пред несреќата се расправале, а на телото на жената биле најдени траги на насилство.
Случајот во полиција го пријавала мајката на триесет и едногодишната жена во средата во 12.10 часот. Нејзината ќерка и зетот се расправала, слушнала врисок, а потоа со автомобил „форд“ заминале од Македонска Каменица во правец кон Делчево. При интервенцијата на плицијата во водите на вештачкото езеро било забележано тело кое пловело на површината. Утврдено е дека телото е на жената и дека на него има траги на насилство. Обдукцијата покажала дека има повреди на главата, десната надлактица и на долниот дел од грбот, но починала од давање. Полицијата сé уште трага по телото на четириесет и едногодишниот маж и автомобилот за коишто се претпоставуа дека е во езерото./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него е пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.