Контакт

Свет

Песков: Конфликтот во Донбас да не се решава со воени средства

Објавено пред

Конфликтот во Донбас не треба да се решава со воени средства, во спротивно ќе се покрене прашањето за украинската државност, тоа го знаат Киев и Вашингтон, изјави за телевизијата „Русија 1“ портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

На изјавата на лидерот дека главен услов за Русија е проблемот со Донбас да не се решава со воени средства, Песков одговори: „Се разбира“.

Песков се согласи и со новинарите дека военото решение на проблемот ќе ја доведе во прашање украинската државност.

– Тоа е она за што претседателот Путин зборуваше многу пати и тоа е она што многу добро го знаат во Киев и многу добро го знаат во Вашингтон. Но, гледате, поради некоја причина никој не сака да го прекорува Киев – заклучи Песков.

Како што додаде, не е прифатливо уште едно разгорување на граѓанската војна во Донбас.

– Ни велат – мора да преземете мерки за деескалација. Никој не му кажува на Киев дека мора да преземе мерки за деескалација. Никој не му вика на Киев за да не потсети на апсолутната неприфатливост на уште една рунда од граѓанската војна, што за нас е апсолутно неприфатливо, бидејќи е во непосредна близина на нашите граници – истакна Песков.

Портпаролот на Кремљ потсети и дека рускиот народ живее во југоисточна Украина, кон чија судбина Русија не е рамнодушна.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не ја исклучува можноста украинските власти да подготвуваат нова воена операција во Донбас.

Во април 2014 година, украинските власти започнаа воена операција против Народните републики Доњецк и Луганск, кои прогласија независност по државниот удар во Украина во февруари 2014 година.

Свет

Меркел: Војната во Украина ќе почнеше порано доколку Киев влезеше во НАТО во 2008 година

Објавено пред

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува оти војната во Украина би започнала порано и „веројатно ќе беше полоша“ доколку Киев го започнеше патот кон членство во НАТО во 2008 година.

dobivaj vesti na viber

„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Мене ми беше сосема јасно дека претседателот Путин нема да стои со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш, Украина како земја сигурно нема да биде подготвена како во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.

Во интервју откако се повлече од политиката пред три години, Меркел изрази загриженост поради обновените закани на Путин за употреба на нуклеарно оружје.

„Мораме да направиме се што е можно за да ја спречиме употребата на нуклеарно оружје. За среќа, Кина неодамна зборуваше за тоа. Не треба да нè парализира стравот, но мора да признаеме дека Русија е најголемата, или веднаш до САД, една од двете најголеми нуклеарни сили во светот. Потенцијалот е застрашувачки“, предупреди поранешната германска канцеларка.

Таа изјави дека за време на нејзиниот мандат направила се што е во нејзина моќ за да обезбеди мирни средства за соработка со Русија и дека Путин „ја започнал инвазијата на Украина“ само неколку месеци откако таа ја напуштила функцијата.

Би-би-си наведува дека за време на владата на Меркел, Германија и нејзините големи индустрии станале зависни од Москва, а Германија изградила два гасоводи директно поврзани со Русија, пренесува Танјуг.

Меркел објасни дека има два мотиви во однос на гасоводите: германски бизнис интереси, но и одржување мирни односи со Русија.

Таа додаде дека се обидела да ги спречи руските напади врз Украина користејќи дипломатија и преговори, кои, како што рече, „на крајот не успеале“.

„За жал, по целосната инвазија на Украина започна нова ера во односите на Европа со Русија“, нагласи германската канцеларка.

Прикажи повеќе...

Свет

Песков за идејата за испраќање европска војска во Украина: „Се појавуваат некои вжештени глави“

Објавено пред

Европските елити не се обединети во идејата да испратат војници или барем приватни платеници да го поддржат Киев, но некои жешки глави размислуваат за тоа. Вака Дмитриј Песков, прес-секретар на претседателот на Руската Федерација, го коментира пишувањето на „Ле Монд“ на брифингот со новинарите.

dobivaj vesti na viber

Францускиот весник објави, посочува ТАСС, за враќањето на европските елити на разговорите за можното испраќање војници во Украина во пресрет на наводното одбивање на идната американска администрација на чело со Доналд Трамп да се откаже од постојната поддршка за Киев.

„Јас и вие не знаеме колку се вистинити овие извештаи“, рече портпаролот на Кремљ.

„Претходно, се разбира, такви идеи беа искажувани од разни европски метрополи, но беа искажани и разни контрааргументи, кои не беа во прилог на оваа идеја. Нема единство на мислењето меѓу Европејците по ова прашање, но, се разбира, се појавуваат некои жешки глави“, додаде прес-секретарот на рускиот лидер.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека на состанокот во Париз, на кој учествуваат претставници на 20-ина западни земји, била отворена темата за можното испраќање копнени сили на западните земји во Украина.

Според него, учесниците не постигнале консензус за ова прашање, но ваквото сценарио не може да се исклучи во иднина.

Песков тогаш изјави дека појавата на странски воени контингенти во Украина ќе биде со крајно негативни последици, дури и непоправливи.

Прикажи повеќе...

Свет

Затворена метро-станицата во Киев, пронајден сомнителен пакет

Објавено пред

Метро-станицата „Вокзална“ е затворена за влез и излез поради откривање сомнителен пакет, објави градската управа на Киев на „Телеграм“.

dobivaj vesti na viber

Како што јави „Укринформ“, од безбедносни причини станицата е привремено затворена за влез и излез на патници.

Возовите сообраќаат без престан покрај станицата.

На самото место била распоредена специјална контрадиверзантска единица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Меџити: ЈСП утре добива шест електрични автобуси, Владата ќе купи уште 120 и ќе им ги донира на општините со цел намалување на загадувањето

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оценува дека природата овие денови направи...

Топ2 часа

Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено

Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за...

Свет3 часа

Брод полн со туристи потона во Египет

Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на...

Македонија3 часа

Сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност, рече обвинителката, која тврди дека имаат материјални докази оти Палевски стои зад убиствата

Обвинителството има материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиствата на Вања и Панче, изјави обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред...

Свет4 часа

(Видео) Снимен моментот на падот на авионот во Литванија, силна експлозија го осветли небото

Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урна недалеку од аеродромот во Литванија. Авионот со четворица членови на екипажот...

Македонија4 часа

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи...

Европа4 часа

Украинците првпат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин

Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета, која беше пробно лансирана во четвртокот погодувајќи фабрика во Украина....

Македонија5 часа

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче, не може да донесат ништо ново и добро ни во СДС ни во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново...

Македонија5 часа

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира пред да изнесува невистини во јавност

Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје, Ирена Витина, за обезбедувањето...

Свет6 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во ноќен клуб во Мексико, шест мртви и 10 ранети

Најмалку шест лица се убиени, а четворица се тешко ранети во масовно пукање во ноќен клуб во градот Вилахермоза, Мексико,...

Европа6 часа

(Видео) Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга објави Андриј Коваленко, раководител на...

Европа7 часа

(Видео) Товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус: едно лице загина, неколку повредени

Рано утринава товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните...

Европа8 часа

Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта

Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија...

Европа8 часа

(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција

Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата,...

Македонија20 часа

Фани Каранфилова-Пановска е новата заменичка-претседателка на СДСМ, следната недела ќе бидат избрани и останатите раководни тела

По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, претседателот на партијата, Венко Филипче информираше за донесените одлуки, констатирајќи дека имало одлична...

Македонија21 час

Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат...

Македонија24 часа

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021...

Македонија1 ден

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те...

Регион1 ден

Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска

Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени...