Црна хроника
Се обиделе да ограбат баба со солзавец
Непознати маскирани лица, со употреба на солзавец и со шлаканици се обиделе да ограбат баба, но таа почнала да вика, а тие избегале.
Имено, во вторник во 1.30 часот во Гевгелија на ул. „Ѓоко Тутушев“, во куќа сопственост на М.Г. (74), непознати маскирани лица извршиле разбојништво. Сторителите тропале на прозорот и на влезната врата, по што М.Г. отворила, а тие со спреј солзавец ја совладале и ја легнале на подот. Сторителите ја удирале со шлаканици по лицето и барале од неа да каже каде се наоѓаат парите и златните предмети.Откако таа почнала да вика и да бара помош сторителите ја напуштиле куќата. Заради проблеми со очите предизвикани од спрејот М.Г. била пренесена во Општа болница-Гевгелија, каде и е укажана лекарска помош и е задржана на надгледување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.