Економија
Левицата: Власта ја загрозува егзистенцијата на земјоделците во Овчеполието преку странска енергетска инвестиција
Владата деновиве објави енергетска инвестиција на француската компанија „Акио Енерџи“, вредна 250 милиони евра. Оваа инвестиција е предвидена да се изгради на површина од 452 хектари плодно земјоделско земјиште, чија почва поседува квалитет од прва и втора класа во Овчеполската Котлина. Со оваа инвестиција, сметаат од Левица, директно се уништува најплодниот дел од котлината, каде што се одгледуваат житни култури кои служат како за исхрана на населението, така и за стоката, загрозувајќи ја егзистенцијата на сите оние семејства кои заработуваат од ова поле.
Но, ова не е единствениот проблем, посочуваат од таму.
„Освен семејствата, кои директно егзистираат од обработка на ова земјиште, загрозени се и останатите земјоделци, затоа што на планираната територија за инвестиција поминува целиот водоводен систем, кој ги снабдува полињата со вода во повеќе села од околина. За ситуацијата да биде уште полоша, месните жители стравуваат дека бунарите кои ги снабдуваат околните села со вода за пиење исто така можат да бидат опфатени и завршат во ‘имотот’ на приватниот инвеститор. Доколку компанијата го добие овој дел од земјиштето за инвестиции, практично може да го наруши целиот биосистем во овој крај. Дополнително, енергијата која ќе ја произведува инвеститорот може слободно да биде продавана на странски пазари, со што ќе профитира нанесувајќи ненадоместлива штета, која ја уништува егзистенцијата од овој крај“, реагираат од оваа партија.
Левица повикува оваа инвестиција да се направи при консултација со засегнатите страни и месните самоуправи и истата да биде реализирана исклучително како државен проект.
„Бараме локацијата на оваа инвестиција да биде променета, затоа што на само два километри од истата оваа локација постои земјиште кое не е под наводнување и е од трета и четврта класа, а во радиус од десетина километри се наоѓа земјиште кое воопшто не е плодно, со што девастацијата на плодното земјиште може целосно да биде отстранета. Искористувањето на природните ресурси мора да биде единствено од страна на државата, целосно управувано во правец за балгосостојба на граѓаните, со максимално внимание истите да не нарушат ничија егзистенција, ослабнат производство на храна, ниту, пак, да нанесат трајна штета, како што беа случаите со приватните мали хидроцентрали, кои целосно ги уништија водотеците на повеќе реки“, оценуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

