Македонија
(Видео) Стоилковски: Три дена нема оградување од Заев за рекет во „РЕК Битола“
Бојан Јовановски, осуден сопственик на телевизија за случајот „Рекет“, во отворено писмо посочува и обвинува дека семејството на Зоран Заев од секој тендер на РЕК Битола имало корист од определен процент. Тоа со еден збор е рекет! И веќе три дена нема ниедно оградување од Заев, од неговиот брат, именуван во отвореното писмо, ниту од било кој од енергетските власти коишто, да потсетам ја втурнаа државата во тешка енергетска и економска ситуација со катастрофални последици, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Бојан Јовановски, рече тој, е неспорно близок соработник и човек со директен контакт со раководството на СДСМ и особено со Зоран Заев.
„Во писмото, Јовановски сведочи и посочува на „Рекет“ во којшто семејството на Зоран Заев добивало проценти од тендерите токму на РЕК Битола, додавајќи дека за сето тоа имал докази во неговиот мобилен телефон. За потсетување, мобилниот телефон на Јовановски е одземен од обвинителството за случајот „Рекет“, но не е направено вештачење досега, ниту беше искористен во обвинението, ниту пак му беше даден за да користи во одбраната на Бојан Јовановски. Цитирам дел од писмото на Бојан Јовановски до Зоран Заев, „Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари стотици илјади евра од страна на и тука – стои име на добитник на тендер – кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен сојуз“, пишува Јовановски за случајот со тендерите токму во РЕК Битола“, кажа денеска Стоилковски.
„Изнесените тврдења на Бојан Јовановски, следат откако среде судница во своја изјава Бојан Јовановски гласно и прецизно посочи цитирам, „Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“. Сега во отворено место сведочи дека Вице Заев земал пари од газдите на фирмите кои што добивале тендери во РЕК Битола, за што како што вели постојат докази во неговиот мобилен телефон“, додаде Стоилковски.
Смета дека молкот на Заеви и молкот на институциите не е одговор, институциите, подвлече Стоилковски, мора да ги истражат ваквите наводи, бидејќи се поинаку, како што рече е соработка во тонењето на државата на сите листи на мерењата на криминалот и корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди и студено, на планините снег
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Сиљановска-Давкова традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата
Во духот на обновената традиција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, придружувана од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Сашко Лафчиски.
Обраќајќи им се на новопримените професионални војници, таа истакна дека дисциплината, усогласеноста и начинот на спроведување на обуката јасно ја отсликуваат нивната посветеност и интерес за воената професија.
Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата, на Командата за обука и доктрини ѝ врачи едиција на книги од различни области, коишто ќе овозможат дополнителна едукација на војниците и старешините.
„Среќна сум што Новата година ја започнувам со вас! Ви посакувам добро здравје, посветеност и истрајност, зашто само со труд, надграден со љубов кон професијата, се создаваат перфектни војници“, порача претседателката.
Според неа, индивидуалната одговорност, професионалното ракување со опремата и јасната визија на македонската армија за мисијата се нераскинлив дел од воената служба.
Таа го поздрави постигнатото ниво на подготвеност коешто македонските војници, питомци и офицери ги прави компатибилни, препознатливи и рамноправни со своите колеги во сите сојузнички армии и меѓународни мисии.
Во текот на посетата, претседателката беше брифирана за мисијата и капацитетите на Командата за обука и доктрини. Таа присуствуваше на презентација во Центарот за симулации, каде што беше прикажана ефикасноста во изработката на правила, упатства и научени лекции, како и на презентација на Центарот за обука и дресура на службени кучиња.
Преку непосредниот увид во работата и активностите на терен, уште еднаш беа потврдени вредностите и способностите поради коишто оваа единица беше одликувана минатата година, високото ниво на кохезија, професионалност и целосна усогласеност со НАТО-стандардите.

