Европа
Русија ја забрани работата на најпознатата организација за човекови права
Рускиот Врховен суд денеска нареди затворање на најстарата и најпозната невладина организација за човекови права во земјата, по обвинувањата дека ја искривувала историјата за време на истрагата за злосторства извршени во сталинистичкиот режим.
Организацијата „Меморијал интернешнл“, една од најистакнатите невладини организации во земјата, е обвинета врз онснова на контроверзните закони за невладини организации кои бараат здруженијата финансирани од странство да го означат целиот свој материјал како „странски“.
Обвинителот Алексеј Жафјаров пред Врховниот суд изјави дека „Меморијал интернешнл“ ја искривува историјата.
„Очигледно е деја ‘Меморијал’ создава лажна слика за СССР како терористичка држава“, рече денеска Жафјаров, додавајќи дека на списокот на жртви на сталинистичката репресија што го составил „Меморијал интернешенл“ има и како што рече, нацистички престапници кои на своите раце имаат крв на советски граѓани.
„Ние, кои сме потомци на победниците во Втората светска војна, треба да внимаваме на обидите за рехабилитација на предавниците на татковината и нацистичките соработници“, рече Жафјаров, чија изјава ја пренесува „Дојче Веле“.
Обвинителите пред судот тврдеа дека организацијата ја крие вистинската улога на странските агенти и се обидува да влијае на владината политика и јавното мислење.
„Меморијал“ е најстарата невладина организација за човекови права во Русија. Основана е во 1987 година, четири години пред распадот на Советскиот Сојуз. Сега се состои од два оддела – „Меморијал интернешнл“, кој се занимава со злосторствата од советската ера и „Меморијал хјуман рајтс“, кој се занимава со политичките затвореници во современа Русија. Вториот оддел често зборува во корист на Алексеј Навални и другите политички противници на претседателот Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.