Црна хроника
Фатен криминалец кој пукал кон друг човек
Полицијата го уапси В.А. (26) од Скопје, осомничен дека на 12 овој месец, околу 23 часот на ул. „Менделеева” во близина на Природно математички факултет поточно во парк шума „Гази Баба” пукал кон Л.Е.
Имено, тие се расправале поради нерасчистени должничко доверителни односи со лицето Л.Е. (19) од село Арачиново, по што В.А. извадил пиштол непозната марка и калибар кој го носел со себе и испукал еден до два куршуми по што Л.Е. избегал.
Истражен судија на пријавениот веќе му одреди мерка притвор во траење од 15 дена.
Според документираните сознанија на истрагата половина час пред средбата на двајцата, пријавениот телефонски се јавил кај лицето Л.Е. и го известил дека парите што тој постојано ги барал нема да му ги врати по што настанала вербална расправија помеѓу двајцата за да на крајот В.А. го прашал Л.Е. каде се наоѓа за физички да се пресметаат.
Околу 23 часот В.А. пристигнал и по кратка меѓусебна вербална расправија со Латиф поради нерасчистени должничко доверителни односи во врска со мобилен телефон, во еден момент В.А. извадил пиштол непозната марка и калибар и го вперил кон Л.Е. при што овој избегал кон парк шумата додека В.А. испукал еден до два куршуми.
Веднаш потоа Л.Е. телефонски го известил неговиот пријател Ф.А. (23) кој настанот го пријавил во полиција.
В.А. е лоциран на ул. „Бајрам Шабани”, пресретнат и фатен од полициски службеници при СВР-Скопје и истиот е приведен во ПС „Кисела Вода”.
По пријавување на настанот од страна на увидна екипа од Единица за истрага на место на настан и вештачење извршен е увид. Од извршената проверка во крим-евиденциите на СВР-Скопје лицето В.А. минува за сторени повеќе кривични дела: “тешка кражба”; “кражба”; “насилство”; “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”; “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”; “предизвикување општа опасност”; “спречување службено лице во вршење службено дејствие”./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Црна хроника
Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

