Црна хроника
116 казни за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 116 возачи.
Од нив четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени тројца кумановци: биле барани по потерница за издржување казна затвор за тешка кражба
Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 32-годишниот О.Ј., 36-годишниот Г.Н. и 29-годишниот Ѓ.М. од Куманово, кои биле барани по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Тие биле спроведени во Казнено – поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.
Црна хроника
На скопскиот аеродром уапсени две лица од Турција, на увид дале фалсификувани пасоши
Вчера во 10.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 53-годишниот И.К. и 26-годишниот С.К., двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека приложиле фалсификувани патни исправи.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
Црна хроника
Апсења во Аеродром и Центар: кај три лица пронајдена марихуана
Вчера во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 27-годишниот Д.С. од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На подрачјето на општина Аеродром, вчера вечер во 22.20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 23-годишниот М.М. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера вечер, во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот В.Ј. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, МВР најави дека ќе следува соодветен поднесок.