Македонија
Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство следната година
Јавниот обвинител Љубомир Јовески ја одржа традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата. Поради условите диктирани од пандемијата и оваа година средбата се одржа онлајн.
На средбата обвинителите ја анализираа годината што изминува и разговараа за идните планови на институцијата.
Обвинителите годинава имаа тешка задача, оцени Јовески. Од една страна, материјалните и кадровски услови за работа и покрај малото подобрување, беа недоволни. Од друга страна, во текот на 2021 година имаше кривично-правни настани и предмети кои по својата тежина беа испит за самостојно, стручно, одговорно постапување и пред сè за обвинителство кое неселективно ќе ги гони сторителите на кривични дела.
„Сметам дека со својата одговорна работа јавните обвинители, успешно ја овозможуваа и гарантираа ефикасноста на кривично- правниот систем во општеството. Сепак, претстојат уште многу предизвици“, рече државниот јавен обвинител.
Според него, еден од клучните приоритети за ефикасна борба против криминалот е зајакнувањето на кадровските капацитети на обвинителството. Во овој сегмент, работите се придвижуваат нанапред, но потребни се дополнителни заложби.
„Имено, обвинителствата се соочуваат со природен одлив на вработените, како и на јавните обвинители кои заминуваат во пензија. Уште повеќе што во меѓувреме, донесени се законски одредби со кои се оневозможува работењето на јавните обвинители по навршување на 64 години. Па така, имајќи ја предвид старосната структура во обвинителството, следната година во пензија треба да заминат околу 20 обвинители, во 2023 година уште петмина. Нивното место, според сегашната динамика ќе може да се пополни дури за две години. Постои опасност основни јавни обвинителства да останат без јавни обвинители, како што се обвинителствата во Свети Николе и во Делчево. И другите основни обвинителства во државата остануваат со далеку помал број обвинители од потребниот, со што се доведува во прашање не само нивната ефикасност, туку и извршувањето на нивната функција. Овие прашања се високо приоритетни за следниот период и тука вложуваме напори за нивно разрешување“, истакна Јовески.
Тој додаде дека во дел од обвинителствата започнаа да функционираат истражните центри и веќе започнаа да се чувствуваат првите придобивки од поголемата независност во преземањето на истражните дејствија. Сепак, клучно е натамошно материјално, просторно и кадровско опремување на истражните центри, а впрочем тоа е и обврска за нашата земја нотирана и во последниот извештај на Европската комисија.
Недостигот на стручен кадар е видлив и во делот на секторот за информатички технологии, особено ако се имаат предвид плановите и најавите за дигитализација на правосудството, а со тоа следствено и на обвинителството.
Во годината што претстои, планирани се и крупни законски измени кои директно ја засегаат работата на Јавното обвинителство. Формирана е работна група за изработка на нов Кривичен законик во Министерството за правда, во која учествува и јавен обвинител, а претставници од Јавното обвинителство учествуваат и во работната група за Законот за кривична постапка.
На средбата, Јовески директно апелираше на отчетно и одговорно постапување од страна на сите јавни обвинители.
„Во текот на 2021 година работевме на обезбедување интерни механизми и правна рамка за ефикасно работење, на зајакнување на капацитетите на вработените, на зголемување на транспарентноста и меѓународната соработка. Отпочнат е процесот на согледување на резултатите, одговорноста и отчетноста на јавните обвинители со тоа што започна да се оценува работата на секој јавен обвинител преку систем за утврдување на резултатите. Ве повикувам овој систем на оценување да го прифатите како еден поттик за уште поголема ефикасност во вашата работа. Секако, системот е нов и во текот на годините што претстојат треба да се усовршува и надградува согласно стекнатото искуство од примената“, нагласи Јовески.
Тој додаде дека состојбите во обвинителството мора да се менуваат на подобро и поефикасно работење, со зголемување на неопходните материјални средства за извршување на функцијата. На пример, буџетот за следната година зголемен е околу 14%, платите на јавните обвинители и јавнообвинителските службеници ќе се зголемат за 15%, а обвинителството ќе мора да оствари сериозни реформи за да се придвижи кон европските стандарди. Охрабрување на тоа е што во последниот извештај на ЕУ се нотира напредок во справувањето со тешкиот и организиран криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.
Македонија
Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.
Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин.
Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде отпочната во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.
Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Тел Авив, Министерството активно ги разгледува можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.
„Уште еднаш апелираме до македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва“, велат од МНР.

