Македонија
Филипче му подари слика на Заев: „Ви благодарам за поддршката што ја дадовте на здравствениот систем“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, денеска на премиерот во заминување, Зоран Заев, му подари слика во знак на благодарност.
„Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници. Да се заблагоадарм што не кажавте ‘не’ за барањето за било која инвестиција во здравството. И да се заблагодарам што успеавме со ваша помош здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општетсво“, рече Филипче обраќајќи се кон Заев.
Сликата беше врачена во Националната опера и балет, а во рамки на церемонијата за доделување на благодарници за здравствените работници од ковид-19 центрите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во време кога министер беше Бујар Османи, а Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки, велат од ВЛЕН.
Од таму додаваат дека ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) се потрошени за организација на ОБСЕ самитот во Скопје без соодветна документација, без евиденција за испорачаните стоки и услуги и без трајна опрема која требаше да остане во државна сопственост.
Според ВЛЕН, тоа отвора сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреби на јавни средства.
„Сѐ ова потсетува на времето кога Бујар Османи беше Министер за здравство и кога исто така доби негативен извештај од Државниот завод за ревизија – со забелешки за незаконски постапки и сомнителни исплати. И тогаш, наместо одговорност, судството го амнестираше. Некоја структура во државата очигледно го штити и негува Бујар Османи како свој миленик. Денес гледаме повторување на истиот шаблон, судството и обвинителството повторно молчат. Ако беше било кој друг граѓанин, ќе одговараше и за сообраќајна казна. Но за Бујар Османи, изгледа важат други правила. Очигледно е дека е под нечија заштита, а тоа значи само едно, дека е должен некаде, а тоа не се Албанците или граѓаните на Чаир“, се наведува во соопштението.
ВЛЕН јавно потсетува дека Јавното обвинителството има законска обврска да отвори случај по негативен извештај на Државниот завод за ревизија. Ако тоа не се направи, велат од ВЛЕН, ќе биде втор пат како институциите свесно го амнестираат Бујар Османи за исти сомнежи и злоупотреби.
Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)