Црна хроника
Дрога и експлозив пронајдени кај 16-годишник од Скопје

Обвинителството бара поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор спрема дете на возраст од 16 години кај кое биле пронајдени дрога и екпслозив.
„На 10 ноември, во гаража на улицата Бојмија во Скопје, заедно со уште две полнолетни лица за кои веќе се води постапка, осомниченото дете држело 149 таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диометамфетамин (МДМА), стимуланс на ценатралниот нервен систем. Во стан на улицата Венјамин Манчуковски, пак, кај осомничениот била пронајдена дигитална вага со остатоци од дрога и психотропна супстанција, но и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – околу 200 грама тринитротолуен“, информираат од Обвинителството.
Проценувајќи дека доколку му биде дозволено да се брани од слобода осомничениот би можел да се даде во бегство, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи притвор за детето во судир со законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.