Спорт
Роналдо доби нова контроверзна статуа, овој пат во Индија
Новата статуа на Кристијано Роналдо во Гоа, на западниот брег на Индија, која треба да ги инспирира младите да го следат неговиот пример, предизвика контроверзи кај некoи од локалните жители, кои сметаат дека е потребно да се следат домашните херои, а не од колонизаторите од Португалија.
Локалните власти во градот Калангуте во провинцијата Гоа велат дека се гордеат што Кристијано Роналдо доби статуа во Индија.
„Ова е само потег за инспирација на нашата младина. Ако сакате да го кренете фудбалот на највисоко ниво, нема подобар пример. Затоа младите момци и девојки прават селфи со статуата“, вели министерот за Гоа, Михаел Лобо.
Но, дел од јавоста смета дека не треба да му се оддава почит на Португалец бидејќи Гоа беше португалска колонија до 1961 година.
„Имаме и фудбалери од Калангуте, како Бруно Кутињо и Јоланда Д’Соуза, кои играа фудбал за индиската репрезентација. Зошто да немаме нивни статуи? Зошто да се постави Португалец?“, вели претседателот на собранието на Калангуте, Премананд Дивкар.
Ова не е првпат статуа на Роналдо да предизвика интерес и контроверзи. Во 2017 година беше поставена славната искривена статуа на неговиот остров Мадеира, која стана предмет на потсмев на интернет и подоцна беше заменета.
For the love of football and at the request of our youth we put up Cristiano Ronaldo’s statue in the park to inspire our youngsters to take football to greater heights. It was an honour to inaugurate the beautification of open space, landscaping, garden with foundation & walkway. pic.twitter.com/VU5uvlSlMT
— Michael Lobo (@MichaelLobo76) December 28, 2021
Velingkar is a Messi Fan! ✌️ #RonaldoStatue ? pic.twitter.com/XuLS7Oeprd
— देवन परब ?? (@Devanparab) December 28, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Распадори го чекаа во Рим, тој го одбра Бергамо
По Конор Галагер уште еден играч си замина од Атлетико Мадрид. Џакомо Распадори по само шест месеци, минати во Мадрид, реши да се врати во Италија.
Со денови се шпекулираше дека Џакомо Распадори ќе стане нов играч на Рома, но наместо во Рим, тој пристигна во Бергамо.
Како што потврдија бројни извори, луѓето од Аталанта доцна синоќа отвориле конкретни преговори и успеале да се договорат со Атлетико. Сумата која ќе ја плати Аталанта не е позната, но се претпоставува дека трансферот изнесува околу 20 милиони евра.
Распадори минатото лето пристигна во Атлетико Мадрид од Наполи за 22 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, бидејќи постигна два гола и имаше три асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.
Диего Симеоне одлучи да го продаде, а Распадори сакаше да се врати во својата татковина и на крајот ја избра, Аталанта.Италијанските медиуми тврдат дека доаѓањето на Распадори значи дека Адемола Лукман ќе замине од клубот. Интерес за него покажуваат турските великани Галатасарај и Фенербахче.
Распадори сакаше да го засили тимот во кој ќе има минутажа, бидејќи сака да се наметне кај селекторот Џенаро Гатузо пред Светското првенство во 2026 година, секако доколку Италија преку баражот избори пласман.
Foto/ depositphotos
Спорт
Бентанкур ќе отсуствува три месеци
Фудбалерот на Тотенхем и репрезентативец на Уругвај, Родриго Бентанкур, ќе биде надвор од терените најмалку три месеци поради операција на тетивата, објави Би-Би-Си.
Британските медиуми потсетуваат дека играчот на Тотенхем се повреди на 7 јануари во натпреварот од 21-то коло од Премиер лигата против Борнмут (2:3).
Бентанкур (28) одигра 28 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања оваа сезона.
Тој е член на Тотенхем од јануари 2022 година, а пред тоа играше за Јувентус и Бока Јуниорс.
Тотенхем има проблеми со повредите на играчите, бидејќи Дејан Кулушевски, Џејмс Медисон и Мохамед Кудс се надвор од теренот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алонсо си заминал поради расправија со тројца клучни играчи
Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам.
Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите 20 натпревари, но резултатите, а со тоа и атмосферата во тимот се влошија во последните два месеци. Тројцата влијателни фудбалери имале проблем со тактичкиот пристап и стилот на лидерство на Алонско.
Се вели дека проблемите започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година.
И покрај победата, Алонсо имаше непријатна сцена со Винисиус откако го замени. Бразилскиот напаѓач беше незадоволен од промената и одби да се ракува со тренерот. Бидејќи клубот не презеде дисциплинска мерка против играчот, Алонсо наводно почувствувал дека ја губи контролата и дека нема поддршка од клупските челници.
Федерико Валверде и Џуд Белингам, исто така имале проблем со начнот на кој Алонсо го води тимот и со неговите татктички замисли.
Белингам, по одличната прва сезона во 2023/24 и значајните улоги минатата сезона, никако не може да се врати во вистинската форма оваа сезона. Кај Алонсо, Англичанецот немаше гарантирано место во тимот, статус што го имаше кај Карло Анчелоти.
Валверде, од друга страна, поради неговата разноврсност, често играше на различни позиции, што го оддалечи од неговата претпочитана улога во средниот ред. И тој често на тренинзите влегувал во расправии со Алонсо, поради неговите тактички замисли.

