Вести
Сириската влада ќе го почитува 48-часовното примирје во Алепо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/alepo20zeni20silueti.jpg)
Сириската влада објави дека има намера да го почитува 48-часовното примирје за северната покраина Алепо, вклучително и за истоимениот град и неговата околина, кое започна во четвртокот.
„Примирјето започна во Алепо за следните 48 часа од четвртокот во 1 часот по полноќ по локално време (23 часот по средноевропско време – з.р)“, според соопштението на командата на вооружените сили на Сирија, коешто го објави службената новинска агенција SANA.
Неколку часа претходно, ноќта кон четвртокот, американскиот Стејт департмент потврди дека Вашингтон и Москва го договориле примирјето меѓу сириската влада и сунитските бунтовници во Алепо, каде што од 22-ри април многуте бунтовнички групи започнаа офанзива против владините сили и траат интензивни судири со стотици мртви.
Во преговорите кои започнале во вторникот ноќта меѓу САД и Русија, американската страна инсистирала со режимот на затишје во борбените дејствија да биде опфатена и екстремната група Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Аал Каеда, која инаку е ставена на листата на ОН на терористички организации, но руските преговарачи тоа го отфрлиле како неприфатливо, изјави претходно во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Од 22-ри септември 248 лица, меѓу кои 57 деца и 38 жени, загинале во насилствата во Алепо, чии две третини под контрола има владината војска, во интензивните воздушни напади на силите лојални на Дамаск и бомбардирањата од тешка артилерија од страна на бунтовниците во кои беа целосно урнати болница и родилиште во владините сектори од градот, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.