Македонија
Донација за заедницата на Хрвати во Република Северна Македонија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателката на граѓанското здружение „Заедница на Хрватите во Република Северна Македонија“, Невенка Костовска, потпишаа договор за донација, со цел поддршка на активностите на Заедницата.
Согласно обврските кои произлегуваат од спогодбата за заштита на правата на националните малцинства од Република Северна Македонија во Република Хрватска и хрватското малцинство во Северна Македонија, потпишана во ноември 2007 година и за што е формирана меѓувладина мешовита комисија, двете држави се должни да превземат обврски за обезбедување на највисок степен на правна заштита, како и зачувување и развој на националните идентитети на малцинствата кои живеат во двете држави.
Износот од милион и две стотини илјади денари Заедницата ќе го користи за финансирање на летното школо за учење хрватски јазик, издавање на списанието „Хрватска ријеч“, како и за други активности кои како препорака произлегуваат од мешовитата меѓувладина комисија.
„Со Хрватска имаме одлична соработка, а важен придонес во таквиот развој на односите даваат претставниците на нашите заедници и здруженија во двете држави, чии активности со денешното потпишување на договорот за донација го поддржуваме. Би сакал да потсетам, а и со тоа и да се заблагодарам, на вредната материјална и институционална поддршка што нашите здруженија ја добиваат од надлежните институции на Хрватска“, нагласи министерот Османи.
Заблагодарувајќи се на донацијата, претседателката на заедницата на Хрвати, Невенка Костовска, нагласи дека врските и пријателството меѓу граѓаните на двете држави се искрени и длабоки, што го покажува и овој гест на Министерството за надворешни работи и Владата на Северна Македонија.
На крајот на средбата со своите гости, Османи истакна дека „Северна Македонија има дефинирани високи стандарди за заштита и промоција на правата и интересите на помалите заедници и ќе продолжи да го поддржи слободното политичко и културно изразување“, за што доказ е и денешната донација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши – Јиан: Билатералните односи со Кина во духот на меѓусебно разбирање, почитување и конструктивна соработка
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со Ли Јиан, генерален директор за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина.
Посакувајќи му добредојде во законодавниот дом од името на пратениците, претседателот Гаши истакна дека и покрај географската оддалеченост, билатералните односи остануваат срдечни и продолжуваат да се развиваат во духот на меѓусебно разбирање, почитување и конструктивна соработка.
Тој ја повтори посветеноста на државата на принципот на „Една Кина“, односно признавањето на Владата на Народна Република Кина како единствена легитимна влада на кинескиот народ и признавањето на Тајван како неотуѓив дел од кинеската територија.
Понатаму, претседателот Гаши информираше дека парламентарното мнозинство останува цврсто фокусирано на реализација на клучните стратешки цели кои се непроменети од нашето осамостојување, односно напредок кон отворање на преговори за полноправно членство во Европската Унија.
Двајцата соговорници се сложија дека иако соработката на билатерално ниво дава опипливи резултати во широк спектар на сектори – има простор за продлабочување на односите во областа на туризмот, културата и трговската размена. Беше нагласен и континуираниот придонес на Кинеската амбасада во Скопје за развојот и унапредувањето на односите меѓу двете држави.
Исто така, беше потенцирано дека Пратеничката група за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, која се формира во Собранието во сите досегашни мандати, е форум за воспоставување, негување и продлабочување на потесни меѓупарламентарни врски и размена на мислења за сите аспекти на законодавната работа меѓу меѓу двете држави.
Генералниот директор за европски прашања му врачи на претстедателот Гаши честитка од неговиот хомолог, Џао Леџи, претседател на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес.
Македонија
Пуштена за сообраќај клучката на автопатот Охрид-Кичево, кај селото Подмољје
СВР Охрид ја известува јавноста дека од денеска, во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмољје, општина Дебрца.
Со тоа, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга , Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања.
„Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак како и на целата автопатска траса, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и и другата поставена хоризонтална и вертикална сигнализација и со тоа, да придонесат за зачувување на сообраќајната безбедност“, велат од СВР Охрид.
Македонија
Делови од Карпош и Центар утре без вода
Делови од Карпош и Центар утре ќе останат без вода, извести ЈП Водовод и Канализација.
„Поради промена на вентил ф-2 на крстосницата ул.Октомвриска Револуција/ бул.Партизански Одреди , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зграда 10,12 и 14 на ул.Октомвриска Револуција и дел од бул.Партизански Одреди (потегот од Никола Тесла до Октомвриска Револуција). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.Наум Наумовски Борче бр.63, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Наум Наумовски Борче бр.63. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.(Центар)“, се наведува во соопштението.

