Спорт
Карачиќ отпадна од списокот на Хрватска за ЕП
Селекторот на ракометната репрезентацја на Хрватска, Хрвоје Хорват, го обајви конечниот список за Европското првенство. Хорват започна со процесот на подмладување на националниот тим, поради што од списокот отпаднаа искусните Игор Карачиќ, Марино Мариќ и голманот Марин Шего.
Поранешниот играч на Вардар, Карачиќ, неколку години беше еден од најважните играчи во репрезентацијата. Со Хрватска има два медали од Европските шампионати (2016, 2020).
Каричиќ заедно со Мариќ и Шего ќе бидат резерви. Ќе влезат во тимот доколку некој се повреди.
Хорват, по Нова година, ќе го објави конечниот список од 16 играчи, кои ќе ги бранат боит на Хрватска на ЕП.
ЕП во Словачка и Унгарија ќе се одржи од 13. до 30.јануари. Хрватска за противници во групата ги има Франција, Србија и Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марка: Диого Жота загина во сообраќајна несреќа

Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа.
Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора.
Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.
Двајцата загинале.
⚫ Muere el futbolista del Liverpool Diogo Jota en un accidente de tráfico en la provincia de Zamora
😢 El siniestro se produjo en el kilómetro 65 de la A-52, a la altura del término municipal de Palacios de Sanabria. pic.twitter.com/Uz15fMHKoZ
— MARCA (@marca) July 3, 2025
Според сведоците, возилото било зафатено од пламен, кој потоа се проширил на блиската вегетација.
Одделот за итна медицинска помош (УИМ) и медицинскиот персонал за примарна здравствена заштита (МАП) од Здравствениот центар Момбуј можеле само да ја потврдат смртта на двајца млади луѓе на лице место.
Трагедијата е уште поголема бидејќи Диого се ожени на 22 јуни. Тој зад себе ги остави сопругата, со која се ожени пред само четири дена, и три деца.
• 22 de Junho de 2025 •
Sim, para sempre ♾️ pic.twitter.com/pZvQwKADgd— Diogo Jota (@DiogoJota18) June 28, 2025
Диого Жота кариерата ја започна во Пакош Ферерира во 2014 година. По две години се сели во Атлетико Мадрид, а потоа патото преку Порто и Вулверхемптон го однесе во Ливерпул.
За клубот од „Енфилд“ со кога сезонава стана англиски шампион, потпиша во 2020 година. Ливерпу за неговиот трансфер издвои 40 милиони фунти.
Спорт
Еспањол продаден за 200 милиони евра

Фото/ EPA-EFE/ANDREU DALMAU
Фудбалскиот клуб Еспањол од Барселона наскоро ќе има нови сопственици.
Според „Марка“, станува збор за американскиот инвестициски фонд „Велосити Спорт Партнерс (ВСП)“, основан и управуван од бизнисменот Алан Пејс.
Овој фонд е и мнозински сопственик на англискиот премиерлигашки клуб Брајтон.
„Марка“ пишува дека целата трансакција изнесува 200 милиони евра, од кои 180 се инвестиции со кои новите сопственици ќе преземат 99 отсто од акциите во клубот, а дека дополнителни 20 ќе бидат издвоени како стимулација поврзана со перформансите и целите за перформанси.
„Ова е една од најголемите инвестиции во шпанскиот фудбал во последните години“, пишува „Марка“.
Конечниот договор меѓу двете страни, старите и новите сопственици, е постигнат по три месеци интензивна проверка на сите документи, договори и внатрешната структура на клубот.
Се очекува договорот да биде финализиран следната недела, со што би започнала нова ера на Еспањол, чиј прв чекор со новите сопственици би бил зајакнување на тимот за следната сезона.
Спорт
Еклстоун: Хамилтон освојуваше шампионски титули кога конкуренцијата беше послаба

Фото/ EPA/ANNA SZILAGYI
Луис Хамилтон(40) ја вози следната трка пред домашната публика. Британецот девет пати ја освои Големата награда на Велика Британија, што ниту еден друг возач не успеа да го направи. Сепак, и покрај тоа што ќе во вози на британска почва во Силверстоун, прогнозите за седумкратниот светски шампион овој викенд не се особено оптимистички.
Хамилтон се мачи во првите месеци од соработката со Ферари, прв пат откако се појави во Формула 1 во 2007 година, во воведните 11 трки нема ниту еден пласман на подиумот.
Поради ова, се појавија сомнежи дали некогаш ќе ја видиме доминантната верзија од него што некогаш ја прикажуваше, кога беше еден од најголемите таленти во историјата на овој спорт.
Последниот што тврди дека Хамилтон никогаш повеќе нема да ја освои светската титула е поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун.
„Дали ќе освои уште една титула? Не“, изјави тој за Скај Спортс.
„Мислам дека имаше среќа што беше таму во период кога… всушност, немаше премногу конкуренција, па беше малку полесно. А сега има сериозни ривали, додека во времето кога победуваше, немаше многу од нив. Победуваше кога конкуренцијата беше послаба.“
Вистина е дека соочувањето со реалноста беше тешко за сите што очекуваа чуда од комбинацијата на Ферари и најуспешниот возач во историјата. Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман со 91 поен и далеку зад колегата Шарл Леклер, кој успеа барем еднаш да заврши на подиумот.