Економија
Заев: Успеавме да спречиме драстично поскапување на електричната енергија
Во услови на светска енергетска криза успеавме да спречиме драстрично поскапување на електричната енергија од над 25 % и да го активираме домашното производство за ублажување на ценовниот шок, напиша на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.
„Цената на електричната енергија на универзалниот снабдувач – ‘ЕВН хоум’ за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе биде покачена 9,48 % во однос на претходниот пресметковен период, како што информира Регулаторната комисија за енергетика“, истакнува во напишаното Заев.
Објаснува дека се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела. Додава дека солидарноста на сите фактори на електроенергетскиот сектор, редуцирање на трошоците и штедење се од голема важност.
„Рестрикции на електрична енергија нема да има. Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција на успешно соочување со енергетската криза.
Во моментот има доволно обезбедени количини јаглен за работа на ТЕЦ „Осломеј“, како и за РЕК „Битола“ за работа со два блока. ТЕЦ „Неготино“ веќе е вклучен со половина капацитет, од јануари ќе работи со полн капацитет, а од јануари ќе биде вклучен и третиот блок на РЕК „Битола“. Сите количини електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство, односно без увоз“, пишува Заев.
Информира дека на денешната седница Владата, на предлог на Министерство за економија, обезбедила 60 милиони денари финансиска поддршка со Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2022 година. Првпат, напоменува Заев, се воведува парична помош за најранливите категории лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош во согласност со законот.
Според него, состојбата се следи и со сите релевантни фактории се носат решенија во интерес на граѓаните, со цел ублажување на ефектите од светската енергетска криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ поскапи бензин и дизел
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 8.01.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,268%, кај дизелот за 1,330%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,389% и кај мазутот намалувањето е за 2,436%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9486%.
Од 14.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,285 (денари/килограм)
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,426 ден/кг и сега ќе изнесува 45,285 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
Министерството за финансии: Буџетот за 2024 година реализиран во согласност со планираното, 2025 почнува ликвидно и стабилно
Приходите и расходите во буџетот за 2024 година се реализирани на ниво над 96 %, што е во согласност со планираното во буџетот. Притоа растот на приходите и расходите во однос на претходната година е речиси 10 %, а буџетскиот дефицит е понизок од планираното за 2,5 милијарди денари и е на ниво од 4,4 % од БДП, соопшти Министерството за финансии.
„Вкупните приходи во буџетот за 2024 година се реализирани во износ од 306,3 милијарди денари или 96,3% од планираното. При тоа приходите од даноци и придонеси се реализирани во целост односно 99,7%, додека само од даноци остварувањето е 99,2%. Кај данокот на личен доход има остварување од 101%, данокот на додадена вредност 103,8%, кај данокот на добивка има оставрување од 95,6% и увозните давачки се со остварување од 95,3%.
Реализацијата на приходите во Буџетот е согласно планираното со Ребалансот. Податоците упатуваат на ефикасна наплата на приходите од страна на Управата за јавни приходи и Царинската управа. Така даночните приходи и придонеси се остварени во износ од 283,6 милијарди денари и учествуваат со 92,6% во структурата на вкупните буџетски приходи. Приходите од даноци во 2024 година се остварени во износ од 177,9 милијарди денари и се за 12,8% повисоки споредено со минатата година. Придонесите за социјално осигурување се остварени во износ од 105,7 милијарди денари и истите се за 14,1% повисоки од остварените во 2023 година.
Вкупните расходи во 2024 година се реализирани во износ од 348,5 милијарди денари или 96,1% од годишниот план и се за 9,4% повисоки од буџетските расходи реализирани во 2023 година. Капиталните расходи во 2024 се реализирани во износ од 28,7 милијарди денари или 76,8 % од планираното. За реализација на проектот за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д беа реализирани 4,1 милијарда денари, односно буџетот за 2024 година наменет за тој проект во целост беше остварен. Дополнителни 21,2 милиони денари се реализирани за општинските проекти, како и 165 милиони денари за проекти за подобрување на општинските услуги преку МСИП со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка)и. Расходите за стоки и услуги се реализирани во износ од 22,9 милијарди денари или 88% од планираното. Трансферите кон општините преку блок дотации и дотации по основ на ДДВ се реализирани во износ од 30,9 милијарди денари и се повисоки за околу 3,4 милијарди денари во однос на претходната година, земјоделските субвенции се реализирани во износ од 9,2 милијарди денари и се во целост исплатени.
Особено е важен фактот дека буџетскиот дефицит е реализиран во понизок износ и дека тоа е дел од планот за фискална консолидација.
Буџетскиот дефицит со ребалансот на Буџетот беше проектиран на ниво од 4,9%, а во 2024 година е реализиран буџетски дефицит на ниво од 4,4% од БДП или во апсолутен износ понизок за 2,5 милијарди денари. Исто така и јавниот долг ќе биде понизок од проектираното и најверојатно ќе биде на ниво од 62,2%. Оваа година започнува со ликвидни и стабилни јавни финансии“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Белгијците се меѓу најбогатите жители во Европа
Белгиските жители се меѓу најбогатите во Европа и се значително побогати од просекот во еврозоната, соопшти Националната банка на Белгија (НББ).
Експертите на НББ наведуваат дека вкупното нето-богатство на домаќинствата во Белгија се проценува на 2,8 трилиони евра на крајот на 2022 година, објави „Брисел тајмс“.
Се забележува дека просечното богатство по домаќинство во Белгија е 555.000 евра, што е речиси девет пати повеќе од годишниот приход по домаќинство.
НББ истакнува дека колку повеќе финансиски средства имаат луѓето, толку повеќе имаат избор во однос на потрошувачката и инвестициите.
Во Луксембург, на пример, нето богатството на домаќинството е еквивалентно на 13 годишни приходи на домаќинството.