Свет
Британија го одобри лекот на „Фајзер“ против коронавирус
Велика Британија го одобри лекот на компанијата „Фајзер“ за Ковид-19, за пациенти на возраст над 18 години кои имаат блага инфекција или кои се изложени на висок ризик да се влошат.
„Пакловид“ е најефикасен кога се зема во раните фази на болеста, во рок од пет дена од почетокот на симптомите на Ковид-19, објави денеска британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (МХРА), пренесува „Ројтерс“.
Одобрувањето доаѓа во време кога Британија речиси секојдневно се соочува со рекорден број на нови случаи на ковид, благодарение на брзото ширење на сојот омикрон.
„Фајзер“ овој месец објави дека „пакловид“ покажува речиси 90 проценти ефикасност во превенцијата кај пациенти со висок ризик, а неодамнешните лабораториски податоци покажуваат дека лекот ја задржува својата ефикасност против омикрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел му забрани на шефот на ОН да влезе во земјата: Не заслужува да стапне на наша почва
Министерот за надворешни работи на Израел рече дека на шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш, му е забранет пристапот во земјата поради, како што верува, антиизраелската пристрасност на шефот на ОН.
Израел Кац рече дека го прогласил Гутереш за персона нон грата.
„Секој што не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, порача тој на социјалната мрежа „Икс“.
Гутереш вчера го осуди проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток и повика на прекин на огнот во изјавата во која конкретно не се споменува Иран.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.
Свет
Џорџа Мелони: Италија ќе биде домаќин на состанокот на Г7, тема ќе биде кризата на Блискиот Исток
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека земјата ќе биде домаќин на состанокот на групата 7 (Г7), на кој тема ќе биде кризата на Блискиот Исток.
Мелони рече дека постои длабока загриженост поради најновите случувања, вклучително и ракетниот напад на Иран врз Израел и растечката нестабилност во Либан, пренесе „Анса“.
Состанокот на Г7 ќе се одржи, како што е најавено, попладнево преку видеоврска.