Црна хроника
Бугарски авион доаѓа по преживеаните од бродската несреќа во Охрид
Премиерот Бојко Борисов веднаш по несреќата наредил владиниот авион да замине за Охрид за да ги врати преживеаните од хаваријата
„Веќе знорував со Македонскиот премиер Никола Груевски и побарав од него да ми помогне колку што е можно на луѓето. Владиниот авион Т-154 го испратив во Охрид за да се вратат шреживеаните во Бугарија. Заменикот министер Марин Неновски исто така замина за Охрид“, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов за агенцијата Фокус.Борисов додал дека е во постојан контакт и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Најверојатно утре, недела, ќе биде проглесен за Дена на жалост во Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобил удри во велосипедист од Струмица, тој е тешко повреден
Вчера на булеварот Ленинова во Струмица, автомобил „сеат кордоба“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(33) од селото Радичево, општина Василево, удрило во велосипед управуван од В.Е.(54) од селото Сачево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир
Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР.
Несреќата се случи вчера во 18.40 минути, на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.
Како што претходно беше објавено, автомобил „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 19-годишната А.Џ., удрил во жената, која од здобиените повреди починала на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Девојката којашто управувала со возилото се здобила со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен 37-годишник од Богданци, шверцувал мигранти од Сирија
Вчера во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода, 37-годишниот Д.П. од Богданци.
Во близина на возилото „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство“ после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија, како со возилото ги превезува мигрантите. По преземени мерки и активности, возилото и мигрантите биле пронајдени.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а Д.П. бил задржан во Полициската станица Неготино и против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 418 – б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Д.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.