Спорт
Реал Мадрид со Мбапе и Халанд како нови „галактикоси“ во 2022

Според ЕСПН, Реал Мадрид се обидува да склучи два клучни договора следното лето носејќи ги Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе во обид да ги искористат финансиските проблеми на Барселона и да ги добијат двајцата млади фудбалери за кои плачат половина богати европски клубови.
Реал не успеа во трансферот од 200 милиони евра за 23-годишниот Мбапе од Пари Сен-Жермен минатото лето и се очекува тој да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч по крајот на договорот, а исто така верува дека е во предност во трката за 21-годишниот Халанд од Борусија Дортмунд и покрај конкуренцијата од големите клубови од Манчестер и Пари Сен-Жермен.
Четири фудбалери, кои заработуваат екстремни плати во Реал Мадрид (Герет Бејл, Иско, Лука Модриќ и Марсело), остануваат без договор на крајот на сезоната и претседателот Флорентино Перез смета дека клубот е подготвен за ваква авантура за создавање нови „галактикоси“.
Халанд ќе побарува најмалку 35 милиони евра годишна плата ако си замине од Дортмунд, а Реал исто така ќе треба да ја плати и клаузулата во неговиот договор со Борусија на висина од 75 милиони евра.
Барселона вообичаено би претставувала прва пречка за вакви договори, но откако во септември објави дека има долгови од 1,35 милијарда евра, невозможно е да се натпреварува на пазарот на играчи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ доби вистинска замена, Валанчиунас во Денвер

Foto/ Foto/ EPA-EFE
Поранешниот центар на Сакраменто Кингс, Јонас Валанчиунас се сели во редвоите на Денвер Нагетс, додека Дарио Шариќ ќе оди во спротивна насока.
Никола Јокиќ доби фантастично засилување во рекетот во форма на 33-годишениот центар кој минатата сезона играше за Сакраменто Кингс.
Денвер Нагетс направија голема зделка веднаш по почетокот на „летниот пазар“ и го испратија Мајкл Портер јуниор во Бруклин Нетс, во замена за Кем Џонсон.
Нагетс заштедија околу 40 милиони долари (земајќи го предвид данокот на луксуз и казните што би ги платиле за надминување на буџетот на играчите) со оваа размена. Исто така во Денвер се врати играчот од шампионската генерација, Брус Браун, кој вториот дел од сезоната го мина во Њу Орлеанс Пеликанс.
Третиот потег што го повлекоа Нагетс е ангажманот на Валанчиунас, што значи дека Јокиќ конечно доби вистинска замена.
Минатата сезона, Валанчиунас играше прво во Вашингтон, каде што имаше просек од 11,5 поени и осум скока, а потоа во Сакраменто Кингс, каде што имаше просек од 8,7 поени и седум скока по натпревар.
Спорт
Милвоки го отпуштија Лилард за да го потпишат Мајлс Тарнер

Foto/ EPA-EFE
Милвоки Бакс објавија шокантни вести, го отпуштија својот плејмејкер и суперѕвезда Дамијан Лилард. На овој потег се решија за да го потпишат Мајлс Тарнер од Индијана Пејсерс.
Поранешниот плејмејкер на Портланд ја скина Ахилова тетива во плејоф серијата токму против Индијана. Веројатно ќе ја пропушти наредната сезона. .
Остатокот од неговиот договор од 113.000.000 долари беше прескап за франшизата од Висконсин, која одлучи да се откаже од деветкратниот Ол-стар.
„Елените“ ќе ги распределат тие пари во следните пет сезони, што им овозможи да го доведат Мајлс Тарнер, кој играше за Пејсерс во претходните 10 години.
Значи, „Дам Тајм“ ќе заработува над 22.000.000 годишно во следните пет години, дури и ако одлучи да се пензионира утре.
Сепак оваа опција не е реална, сигурно е дека за него ќе има голем интерес.
Спорт
Шеј го доби најголемиот договор во историјата

Foto/ EPA-EFE
Шеј Гилџес-Александер потпиша нов договор со Оклахома сити Тандер, доби неверојатна сума на пари.
Шеј Гилџис-Александер стана првиот играч во историјата на лигата кој бил трикратен MВП. Беше прогласен за МВП на регуларната сезона, плејофот и Западната конференција.
Оклахома Сити Тандер ги победија Индијана Пејсерс во финалето и станаа шампиони на НБА.
Две недели по освоената титула за Канаѓанецот пристигна награда, доби нов договор и тоа не било каков договор, туку најголемиот во историјата на кошарката.
Според Шамс Чаранија, Шеј потпишал четиригодишен договор вреден дури 285 милиони долари!
Овој супер-максимален договор е најголемиот во историјата на кошарката и важи до јуни 2031 година.
Секогаш добро информираниот Боби Маркс се надоврза на ова и сподели информација што делува неверојатно.
Кога ќе се земе предвид актуелниот договор на Шеј Гилџес-Александер, тој ќе инкасира дури 364 милиони долари во следните шест години.
Шеј е 15-от играч во историјата на НБА што потпишал супер-максимален договор.