Македонија
Пендаровски положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров
Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговата смрт.
„Киро Глигоров ќе остане запаметен како активен учесник во најважните процеси за политичко осамостојување на нашата држава. Со своите лидерски способности, умереност, мудрост и дипломатија даде исклучителен придонес за меѓународно признавање и етаблирање на земјата и го отвори патот за исполнување на стратешките цели“, е напишано во соопштението од кабинетот на Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавија технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стариот начин со УВ-ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право и само три од нив се одбиени.
Во однос на одѕивот на парламентарните избори, до 9 часот, по обработените податоци од 1.033 избирачки места, гласале 4,45 %. Според податоците на ДИК, најголем одѕив има во Пробиштип, а најмал за парламентарните има во Боговиње (1,43 %).
Во Македонија утрово почнаа парламентарните избори и вториот круг од претседателските.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480 беа отворени во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавците не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде што работните процесите поради својата природа не може да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техничката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.