Контакт

Вести

САД: Учениците белци првпат не се мнозинство

Објавено пред

Учениците белци во државните училишта во САД во претстојната школска година нема да бидат мнозинство, што е резултат на порастот на бројот на учениците од латиноамериканско потекло, наведува BBC, повикувајќи се на податоците на Националниот центар за образовна статистика.

dobivaj vesti na viber

 

 

Податоците покажуваат константно опаѓање на бројот на бели ученици од средината на деведесеттите години од минатиот век, стабилен број на црни ученици, но и брзорастечки број на ученици латиноамериканци.

 

Според истите податоци, бројот на латиноамерикански ученици повеќе од двојно е зголемен во изминатите две децении и се очекува да продолжи да расте и трета деценија по ред.

 

Тоа значи дека на есен 2014 година се очекува застапеноста на белите ученици за прв пат да падне под 50 отсто, при што ќе биде 26 отсто ќе бидат латиноамерикански ученици и 15 отсто црни ученици, додека останатите се азијати, староседелци, пацифички островјани, а помалку од три отсто деца на родители кои припаѓаат на различни раси.

 

Меѓутоа, истражувачкиот центар Pew Research Center, истакна дека сосема е поинаков трендот во приватните училишта, каде е голема застапеност на белите ученици. /крај/

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа16 минути

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет60 минути

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува Ројтерс

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа1 час

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој и постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија10 часа

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...

Македонија17 часа

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија17 часа

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...

Македонија17 часа

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут, во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека бил шокиран од...

Македонија19 часа

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија19 часа

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...

Македонија20 часа

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив, ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство...

Свет20 часа

Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија

Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер...

Европа22 часа

(Видео) Објавени нови мапи, Русите силно напредуваат во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет23 часа

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија23 часа

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа24 часа

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет1 ден

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа1 ден

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп им вети пекол на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет1 ден

Стапуваат во сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...