Економија
Бранко Грегановиќ – нов претседател на Управниот одбор на НЛБ банка Скопје
Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици. Назначувањето на Бранко Грегановиќ на новата функција доаѓа по одлуката за негово именување донесена од Надзорниот одбор на Банката и издавањето на согласноста од Народната банка на РСМ.
Бранко Грегановиќ има повеќе од 30 години искуство во банкарскиот и корпоративниот сектор на словенечкиот, австрискиот и српскиот пазар, но и богато искуство во јавниот сектор, извршувајќи одговорни позиции во словенечкото Министерство за финансии и централната банка.
На позицијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ доаѓа од НЛБ Банка Белград, каде во изминатите седум години ја извршуваше функцијата претседател на Извршниот одбор. Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прерасна во профитабилна финансиска институција со здраво кредитно портфолио и со забрзан раст на годишно ниво од 15% до 20%. Ваквите резултати ѝ ја вратија цврстата позицијата на НЛБ Групацијата на српскиот пазар и во декември 2020 година ѝ го отворија патот за аквизиција на една од водечките српски банки – Комерцијална банка Белград.
„НЛБ Банка Скопје располага со одличната екипа и голем потенцијал за зајакнување на својата пазарна позиција. Тоа ми дава мотив и енергија, заедно со вработените во Банката, да продолжиме да вложуваме во нејзиниот натамошен развој, фокусирајќи сѐ на проширување на понудата со иновативни производи и услуги, на квалитетот и натамошното градење на довербата со клиентите и секако во придонесот што го има Банката за просперитетот на пошироката општествена заедница“, вели меѓу другото Бранко Грегановиќ, во својата прва изјава по стапувањето на функцијата.
Бранко Грегановиќ има универзитетска диплома по економија и две одбранети магистерски тези, една од областа на економијата на Економскиот Факултет во Љубљана, Словенија и друга од областа на менаџментот од London Business School во Лондон, Bелика Британија.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)