Свет
Жена се породила во авион и го оставила бебето во тоалетот
Персоналот на аеродромот во Маурициус пронашол новороденче оставено во канта за ѓубре во тоалетот на авионот.
Британски Би-би-си наведува дека е уапсена 20-годишна жена од Мадагаскар, која е осомничена дека се породила во текот на летот.
Авионот на компанијата „Ер Маурициус“ слетал на аеродромот „Сер Сивусагур Рамгулам“ на 1 јануари, а детето било пронајдено при рутинска царинска проверка.
Полицајците забележале раскрвавена тоалетна хартија и пронашле дете кое веднаш било префрлено во болница. Детето и уапсената се чувствуваат добро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Критичарот на Путин, Стрелков оди во затвор, одбиена му е жалбата
Игор Гиркин, попознат како Стрелков, ќе оди во затвор на четири години бидејќи жалбата му беше одбиена, јави руската државна агенција РИА.
Гиркин е поранешен офицер на ФСБ, познат руски националист и жесток критичар на Владимир Путин. Во јануари Гиркин беше осуден од московскиот суд за поттикнување екстремизам, што тој го негираше.
Судот во Холандија на крајот од минатата година пресуди дека Русија имала контрола над сепаратистите во источна Украина кога авионот на Малезија ерлајнс беше соборен во 2014 година, при што загинаа сите 298 луѓе во него. Авионот на летот MH17 летал од Амстердам за Куала Лумпур.
Стрелков и уште еден руски државјанин, како и еден Украинец беа осудени бидејќи било констатирано дека дејствувале како дел од сепаратистичка група во 2014 година. Гиркин, тогашен воен лидер на таканаречената Народна Република Доњецк, беше осуден за поставување ракети, а Дубински за организирање на транспортот на ракетниот систем Бук. Судот утврди дека Харченко го надгледувал и чувал споменатиот ракетен систем.
Игор Гиркин беше во центарот на настаните во Украина. Тој беше еден од клучните луѓе на Путин за преземање на Крим. Тој со група вооружени лица пристигна на Крим, каде според неговото признание, со закани со оружје ги принудиле локалните претставници да гласаат за референдум за отцепување.
По референдумот тој го напушти Крим, но набрзо повторно влезе во Украина, овој пат во регионот на Доњецк, повторно со група вооружени лица. Неговиот тим ги окупираше административните згради во Славјанск и го прогласи создавањето на „Доњецка народна република“. Гиркин дури извесно време беше министер за одбрана на ДНР.
Европа
(Видео) Повторно еруптираше вулкан на Исланд, прогласена вонредна состојба
На југозападниот дел на Исланд, повторно еруптираше вулкан, поради што властите го евакуираа познатиот геотермален спа центар Blue Lagoon, познат по топлата вода со прекрасна сина боја и малиот рибарски град Гриндавик. Ова е петта ерупција во областа од декември.
Исландската метеоролошка служба (ИМО) наведува дека новата пукнатина од која избива лавата е долга повеќе од 2,5 километри и продолжува да расте. На снимката се гледа како вулканот исфрла лава до височина од 50 метри, додека огромни облаци од пепел го покриваат поголемиот дел од небото.
Официјални лица денеска објавија и интензивни потреси пред ерупцијата. Повеќето од 4.000 жители на Гриндавик беа трајно евакуирани во ноември, пред ерупциите во декември, јануари, февруари и март. За време на јануарската ерупција, по улиците на Гриндавик течела лава и проголтала три куќи.
Неколку жители оттогаш се вратија да живеат во соседните места кои се помалку загрозени, но сега се повторно евакуирани кога магмата почна да тече поблиску до Гриндавик, пишува Би-би-си. Властите денеска прогласија вонредна состојба. Ерупцијата се случи неколку часа откако властите наредија евакуација на Гриндавик и Сината лагуна, каде утринава имаа меѓу 700 и 800 посетители.
Европа
(Видео) Едно лице загина откако паднало во мотор на авион: драма на аеродромот во Амстердам
Едно лице загина на аеродромот Шипхол во Амстердам откако останало заробено во моторот на авион кој почнал да работи, соопшти полицијата, пишува „Скај њуз“.
„Инцидент се случи попладнево во Шипхол, при што едно лице падна во запален мотор на авион и настрада“, објавено е на „Икс“ на профилот на Кралската воена полиција во Холандија.
Аеродромот Шипхол изрази сочувство до семејството на настраданиот.
„Загрижени сме за патниците и колегите кои беа сведоци на ова. Кралската воена полиција моментално истражува“, соопштија од аеродромот.
Се верува дека авионот бил во сопственост на авиокомпанијата КЛМ, која во соопштение наведува дека околностите се истражуваат.