Македонија
Милевски: Добиваме двајца советници во Македонски Брод, тие ја препознаваат ЛДП како трета опција

Независните советници од Македонски Брод, Даниел Максимоски и Бране Јованоски, одлучија да ѝ се приклучат на ЛДП. Почнувајќи од 1 јануари, тие веќе дејствуваат во Советот на Општина Македонски Брод како советници на ЛДП.
„Вратите на ЛДП остануваат отворени и за други заинтересирани граѓански активисти, кои изразуваат спремност да се приклучат кон ЛДП, а бројот на советници на ЛДП следниот период ќе се зголемува“, рече претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
Тој ја поздрави одлуката на советниците и изјави дека го радува фактот што сѐ повеќе независни советници што гравитираат на центарот ја препознаваат ЛДП како автентична трета опција што им припаѓа на граѓанскиот центар.
Максимоски на локалните избори освои 9,94 % од гласовите, а Јованоски 8,81 %.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Таравари да одговори со што го уценија ДУИ“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување.
Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви. Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика.
Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид“, велат од Алијансата за Албанците.
„Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки.
Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт.
Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови!“, се додава во соопштението.
Македонија
„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјава за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето неодговорно однесување, се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјава за остварување на стратешката цел – членството во ЕУ“, велат од ДУИ.
„Иако го поставија како прв приоритет во рамките на новата Влада, Премиерот и неговиот најблизок круг целосно се откажаа од европското досие, и тоа веќе не го кријат во нивните настапи.
Не само со небулозното одбивање на Уставното дополнувања со неколку малцинства, туку Премиерот наоколу се фали дека новата Влада успеала да ја надмудри и Грција во изигрување на преспанскиот „Ерга омнес“ и се фали дека сѐ помасовно се изоставува делот „Северна“ од името на земјава.
Најавија дека ќе оформат иницијатива за создавање консензус по прашањето на европската перспектива на земјава, што е преставува добра интенција.
Но во јавноста секојдневно ги гледаме како внатре водат „лов на вештерки“ за тоа кој извршил поголемо предавство, кој кажал „Северна“, кој бара Уставни измени итн.; додека во исто време и надвор создаваат непријатели наоколу и меѓу соседите, и во Брисел и во останатите европски политички центри.
Денес Владата не само што нема консензус за европската перспектива, туку јавно се расфрлаат со некакви апстрактни гаранции, кои, парадоксално, ние ѝ ги наметнуваме на ЕУ како услов, небаре нам ни е местото да ставиме бенчмарк од наша страна, доколку Европската Унија сака да ги продолжи преговорите со нас.
Политичката перверзија оди дотаму што никој точно не знае какви гаранции всушност ние бараме. Има нејасни пораки од кого тие се бараат, кој треба да ги испорача, кој треба да ги ревидира, да потврди дека се исполнети, од кого имаме поддршка за тоа итн.
Владата свесно создава „нов спор за името“ кој треба да ја држи земјата надвор од интегративните процеси кои ќе значат извлекување на земјата од балканската кал.
Република Северна Македонија денес е меѓународно изолирана земја која ниту остварува, и која ниту има официјални билатерални посети од нашите сојузници и партнери.
Обратно, земјава влегува во разни контроверзни партнерства со автократи;обезбедува финансиски средства од сомнителни избори, под нејасни околности и услови; а и најавува влегување на сомнителни и контроверзни бизниси во земјава.
На земјава ѝ е потребна нова политичка платформа која ќе има јасна европска перспектива, преку зачувување на националното достоинство на сите граѓани и сите етнички заедници.
Оваа влада целосно го загуби легитимитетот за остварување на таква платформа и затоа се потребни предвремени парламентарни избори“, соопшти ДУИ.