Свет
Палестински затвореник го прекина штрајкот со глад по 140 дена

Палестинскиот затвореник Хишам Абу Хаваш, кој штрајкува со глад повеќе од 140 дена во знак на протест поради тоа што е затворен без обвинение, се согласи да го прекине штрајкот откако постигна договор со Израел да го ослободи на крајот на февруари, рече тој.
Четириесетгодишниот Абу Хаваш, татко на пет деца и член на екстремистичката организација Исламски џихад, е еден од неколкуте Палестинци кои започнаа штрајк со глад во знак на протест против таканаречениот административен притвор.
Израел тврди дека оваа контроверзна мерка е неопходна од безбедносни причини.
Палестинците протестираа низ Западниот Брег и Појасот Газа за поддршка на Ава Хаваш, а Исламски џихад се закани со воена акција против Израел доколку умре во заробеништво.
Организацијата за исламска соработка, која има 57 земји членки со мнозинско муслиманско население со седиште во Саудиска Арабија, изрази „сериозна загриженост“ за состојбата на затворениците.
Клубот на палестинските затвореници ја поздрави победата на штрајкот, како што јави „Асошиетед прес“, наведувајќи дека Абу Хаваш претходно осум години бил во израелски затвор, а повеќе од половина поминал во административен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.