Македонија
СДСМ: Институциите преземаат мерки за надминување на енергетската криза

„Владата предводена од СДСМ и надлежните институции во континуитет преземаат мерки за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата.
Сите расположливи капацитети за производство на струја се активирани со цел намалување на зависноста од скап увоз на струја.
Обезбедени се доволни количества јаглен за непречена работа на РЕК „Битола“ и за ТЕЦ „Осломеј“.
Овој месец е планирано да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК „Битола“, како и вториот блок во ТЕЦ „Неготино“, со што сите количини електрична енергија за јануари потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство.
На тој начин, со активирање на сите капацитети, се спречува драстичен раст на цената на струјата кон крајните корисници.
И во време на глобална енергетска криза Владата предводена од СДСМ успешно спречи ценовен шок за граѓаните и го заштити животниот стандард.
За речиси 7.500 семејства од ранливи категории се обезбедени 60 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија, а следуваат и нови мерки за помош на граѓаните и стопанството“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“.
Македонија
СДСМ: Четири дена молк од Владата за екоцидот на Крива Река

„Четири дена поминаа од еколошката хаварија во Крива Река – а Владата, Министерството за животна средина и надлежните институции сѐ уште не даваат одговори. Нема информации што ќе се преземе, нема најави за нови анализи, нема план за заштита на здравјето на граѓаните. Дали здравјето на граѓаните е воопшто приоритет за оваа власт? Срамно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и институциите кои ги водат.
СДСМ прашува: Зошто Владата молчи четири дена откако се потврдија сомнежите дека во Крива Рекла тече вода со цијанид и тешки метали? Кој го донесе политички мотивираното тврдење дека “се излеала само вода”, без ниту една анализа? Дали здравјето на граѓаните е помалку важно од заштитата на интересите на фирма блиска до ВМРО-ДПМНЕ?
„Фактите се јасни. На 14 март, во реката Крива се излеа огромна количина загадена маса од рудникот Тораница. Независната лабораториска анализа, побарана од општина Крива Паланка, покажа драматично зголемено присуство на цијаниди, олово, фосфор и други токсични материи – на ниво кое директно го загрозува животот, здравјето, земјоделството и безбедноста на храната.
Во таква ситуација, Инспекторатот за животна средина не само што не презеде ништо, туку и дезинформираше – тврдејќи дека се излеала „само вода“, без направена анализа. Министерството за животна средина досега не го демантираше тоа, ниту презеде конкретни мерки.
СДСМ ја повикува Владата и министерот Изет Меџити:
Веднаш да одговорат дали ќе се направат нови, целосни анализи на водите од Крива Река, Пчиња и Вардар;
Да соопштат какви мерки се преземаат за заштита на водоснабдувањето и храната во регионот;
Да објават зошто досега нема објавено ниту еден инспекциски извештај за рудникот Тораница.
Ова не е ситен проблем. Ова е прашање на живот и здравје.
СДСМ уште еднаш потсетува: директорот на рудникот Тораница, Тони Тоневски, е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Емил Спасовски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, го обвини градоначалникот на Крива Паланка дека „шири паника“, наместо да побара анализа на водата. Денес е јасно кој ја кажуваше вистината и кој ја прикриваше.
Додека Владата молчи, граѓаните пијат вода, јадат храна и живеат во несигурност. Тоа е пораз на институциите“, велат од СДСМ.