Спорт
Стрикото на Надал удри по Ѓоковиќ: Шест милиони луѓе умреа од вирусот, Новак мора да објасни
Тони Надал, стрикото на Рафаел Надал, во колумната за „Ел Паис“ жестоко го критикува Новак Ѓоковиќ, кој доби медицинска дозвола од австралиските власти за да настапи на Австралија опен.
Вчера, една од најважните вести во светот на спортот беше дека Ѓоковиќ ќе ја брани титулата во Мелбурн. Деветкратниот шампион бидејќи не е вакциниран, побара и доби дозвола да настапи на првиот гренд слем во сезоната.
„Морам да признам дека до оваа објава мислев дека Србинот ќе се откаже или ќе се вакцинира. Наместо тоа, праведноста на австралиските власти му овозможи на Балканецот да влезе во државата“, пишува стрикото на Рафа Надал и додава дека Новак мора да има добра причина зошто не се вакцинирал, но и дека има право својата медицинска документација да ја држи во тајност.
Тој пишува дека мистеријата мора да биде решена – дали властите во Австралија направиле пропуст или Ѓоковиќ сакал да ги изигра и да ги заобиколи правилата.
„Таа контраверзија треба да биде разјаснета доколку сите протагонисти во овој случај сакаат да бидат искрени. Речиси шест милиони луѓе ги изгубија животите од овој проклет вирус. Сакам да мислам дека Новак го знае тоа и дека во знак на човечка чувствителност и разбирање ќе ја објасни оваа ситуација. Би било добро Ѓоковиќ да има некакво објаснување, не верувам дека имало некакви нерегуларности. Секако дека тој нема обврска да сподели вакви приватни информации, но во исто време треба да биде свесен дека светот се наоѓа во сериозна здравствена криза и дека луѓето во светот патат од сѐ ова што ни се случува“, наведува Тони Надал во својата колумна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

