Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски уште не седнат на „Илинденска“ не води сметка за законите

Спротивно на Законот за високото образование, Димитар Ковачевски во Извршниот одбор на СДСМ именува декан и продекан за негови членови, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Професорите Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, и Ана Данева-Маркова, продекан од Медицинскиот факултет, се поставени и прифатиле високи партиски функции спротивно на Законот за високото образование“, објасни партискиот портпарол.
Како што рече тој, Ковачевски уште не седнат на „Илинденска“ не води сметка за законите.
„Инсистираме на почитување на законот, СДСМ од ИО да ги разреши Ралев и Данева-Маркова, а тие да се повлечат од позициите во високообразовните институции како морален чин. Истовремено, бараме извинување и оградување од СДСМ по обидот на потпретседателката на партијата Бисера Костадиновска-Стојчевска да ја лаже и манипулира јавноста по однос на ова прашање“, нагласи Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, дел од с.Волково – место викано Пржина. (Општина Ѓорче Петров).
· Oд 09:00 до 15:30 часот, ул.29 село Сопиште. (Општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Бриселска, Софиска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)
Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.