Црна хроника
Приведени криминалци барани со потерници
Денеска (06.01.2022) во 03.00 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода Т.Т.(38) од с.Маково.
Тој бил баран по потерница од Казнено-поправната установа Затвор Битола за доиздржување затворска казна. Тој бил предаден во Казнено-поправната устаноца Затвор Битола за доиздржување на казната затвор.
На 05.01.2022 во 14.20 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Слатино.
Тој бил баран по потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 05.01.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле А.А.(23) од Радовиш.
Тој бил баран со потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

