Македонија
(Видео) Мицкоски: Комедијантот Слави Трифунов е еден од главните „македономрзци“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите го искажа својот став по предлогот на Слави Трифунов да се симне бугарскиот визен режим од САД за деблокада на македонските европски интеграции во преговорите со Бугарија.
„Во неколку денови имаме неколку различни изјави од комедијантот Трифунов, неколку денови гледаме како останатите коалициони партнери во Владата го демантираат, немам што да дадам дополнително како коментар на изјавите на комедијантот Трифунов, кој што е еден од главните промотори и македономрзци промовирани во јавноста во изминатиов период“, истакна Мицкоски.
Во однос на посетата на бугарскиот премиер Петков во Скопје и очекувањата од истата, Мицкоски нагласи дека засега нема официјална потврда и информација за таквата средба, а инаку очекува решение коешто нема да одлучува за идентитетот на македонскиот народ.
„Мандатарот кој ќе го предложи составот на новата влада нема легитимитет да преговара во името на македонскиот народ за неговиот идентитет, а уште помалку авантуристот Бучковски да дава ветувања и да ја гази преговарачката позиција која со години е градена.
Очекувам не само од Петков туку и од сите оние кои го фасилитираат процесот да го слушнат гласот на народот и на најголемата македонска политичка партија, која има што да каже по ова прашање“, истакна Мицкоски во денешната изјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.