Спорт
Ферари сака да го продолжи договорот со Саинс

Формула 1 тимот, Скудерија Ферари, се подготвени да го продолжат договорот со Карлос Саинс. Шпанецот, од Мекларен, во 2020 година, се пресели во екипата од Маранело.
Саинс, кариерата во Формула 1 ја започна во Торо Росо (сега Алфа таури). Две години возеше за овој тим, од 2015 до 2017 година, потоа една сезона мина во Рено и две во Мекларен.
Минатата сезона, според Ферари, Шпанецот ги надминал очекувањата. Во генералниот пласман го освои петтото место со 164,5 поени. Најдобра пласман му беше второто место во Монако, три трки заврши на третото место (Унгарија, Русија и Абу Даби).
Саинс сезоната ја заврши пред тимскиот колега Шарл Леклер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мењан во Челзи, во Милан доаѓа Милинковиќ-Савиќ

Францускиот репрезентативен голман Мајк Мењан (29) ќе ја продолжи кариерата во Челзи. „Сините“ за услугите на голманот на Милан ќе му платата 18 милиони евра отштета, објавија италијанските медиуми.
Мењан пристигна во Милан летото 2021 година од Лил, а неговиот договор важеше до јуни следната година.
Милан се согласи да го продаде бидејќи не можеше да се договори за продолжување на договорот, па овој летен преоден рок беше последна шанса да заработи нешто од неговиот трансфер.
Мењан треба да биде заменет на голот на Милан со српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ (28), чиј договор со Торино истекува за една година.
Спорт
Седум играчи го засилија Алкалоид

Фото/ rkalkaloid.mk
РК Алкалоид останува на својата определба и во следната сезона да биде клуб составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена.
Неколку ракометари со голем потенцијал и за клубот и за сениорската репрезентација на Македонија доаѓаат следната сезона во клубот.
Алкалоид кој ја освои титулата во Европскиот куп, за следната сезона ангажира седум нови играчи, шестмина се Македонци, странец е само Србинот, Урош Борзаш. Покрај него нови играчи на Алкалоид се: Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Михаил Иваноски, Ѓорѓи Николовски и Давид Трајкоски,
Спорт
Пукна љубовта, Мурињо ќе го напушти Фенербахче

Жозе Мурињо и Фенербахче ќе го објават прекинот на соработката во следните неколку дена, тврдат турските медиуми.
Ова е епилогот од средбата во Лондон помеѓу познатиот тренер и Али Коч, претседателот на клубот од Истанбул. Мурињо бара 15 милиони евра за предвремен раскин на договорот.
Португалецот го презеде тимот минатото лето, но Фенербахче под негово водство не освои ниту еден трофеј. Во првенството на Турција, тие беа втори зад нивниот најголем ривал Галатасарај.
Покрај тоа, Мурињо беше во постојан конфликт, со судиите, со службените лица од другите клубови, што предизвика гнев кај навивачите и новинарите и му наштети на угледот на турскиот фудбал.